Македонија
Мицкоски бара од Џафери да го покани на седницата за уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до Собранието во кое се бара да му се овозможи на Христијан Мицкоски да се обрати пред пратениците за уставните измени.
„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени што имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја, како и значењето што овој период го има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контроверзите што ги предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во опозиција и чијшто претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски, не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во дописот до Собранието.
„Партијата ова барање го темели на правото што го овозможува Деловникот за работа на Собранието, според кој согласно со член 72, став 2 од Деловникот, претседателот на Собранието да (цитираме) ‘може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации”, се додава во дописот од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.
Мицкоски во сите свои настапи досега кажа дека никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени со цел промена на уставното име.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.