Македонија
(Видео) Мицкоски бара распуштање на парламентот и вонредни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва пред партиското седиште побара распуштање на парламентот и вонредни избори по финалното гласање на уставните измени во Собранието.
Според него, Македонија ќе продолжи да губи доколку социјалдемократите останат на власт, па затоа порача дека тие мора да заминат.
„ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и организирање нови предвремени парламентарни избори. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а волјата на граѓаните ќе биде почитувана. Народе, вие давате и земате власт. Потребни се избори на кои ќе падне Заев“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска свика итен состанок на Извршниот партиски комитет, истакна дека тие не ја поддржуваат промената на Уставот со цел промена на идентитетот, културата, историјата и името, што е темел на партиската програма.
„ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот, со цел промена на уставното име, се направи противуставно и противзаконски по пат на притисоци, пазарења и закани. За нас, значајно е што одлуката ја донесоа 81 пратеник, но не и македонските граѓани. Со ваквата одлука се супспендира волјата на граѓаните. Со договорот од Преспа се нанесува штета врз сегашните и идните генерации. Ќе сториме сè што можеме во иднина да ја исправиме неправдата“, рече Мицкоски.
Мицкоски денешното гласање во Собранието го опиша како црн петок и додаде дека Македонија ќе победи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД извесуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Хо Ши Мин лоцирани на потегот од напојната трафостаница Бутел 2 до објектот бр. 287 Б. (општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.
Македонија
Засадиле 100 семки канабис на нива во Пчиња, ОЈО отвори истрага

Започнати се постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје, информираат вечерва од Јавното обвинителство. Јавните обвинители до надлежните судови доставиле предлози за определување мерка – притвор за сите тројца осомничени.
– Основното јавно обвинителство – Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени – соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште, неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија што ги одгледувале и ги наводнувале, појаснуваат од Обвинителството.
На 27 септември, осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис.
– На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, три пластични кофи со вкупно над четири килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис, додаваат од Обвинителството.
За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство – Скопје отворило истрага против едно лице, за кое во соопштението се наведува дека неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.
– Во дворот на осомничениот на улицата „Кадињача“ во Скопје, полицијата пронашла две растенија канабис што ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин, истакнуваат од Обвинителството.