Македонија
Мицкоски: Бугарите имаат ас во нашата политика, тоа е Димитар Ковачевски
Бугарите си имаат ас во нашата политика, неговото име и презиме се Димитар Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време. Не само што тоа не е точно, туку ВМРО-ДПМНЕ поднесе и закон за организации и здруженија за да се забранат токму овие здруженија и пропагирањето фашизам, кој власта, откако го поддржа, гледаме дека бараат точки и запирки за да се откажат од него, повикувајќи ја Венецијанската комисија да го испита, истата таа комисија чие мислење го множат со нула за многу други закони. И ако мене ме прашувате, овие здруженија треба да се затворат и поради прашањето за политички реципроцитет, бидејќи официјална Софија, официјална Бугарија веќе го затвори македонскиот културен клуб, каде што јас бев и кој што го носи името Никола Јонков Вапцаров“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски го повика Ковачевски да излезе од удобните фотелји и да прошета низ народот и да ги слушне приказните и семејните драми на многу такви семејства кои ја живееле жестокоста на таквите методи на режимот чиј наследник е СДСМ.
„ А, кога бугарскиов ас Ковачевски ќе говори за историски пршања, неправди и злосторства, сакам да го слушне внимателно овој повик до него. Историјата има подеми и падови, срамни и храбри страни. Такво срамно петно стои токму зад неговата партија која се прикажа за наследник на комунистичкиот режим. Истиот тој режим, и еден дел од тој политички естаблишмент направи невиден прогон врз една цела плејада луѓе кои ја сочинуваа македонската интелигенција која беше ликвидирана. Впрочем, го повикувам да излезе од удобните фотелји да прошета низ народот и да ги слушне приказните и семејните драми на многу такви семејства кои ја живееле жестокоста на таквите методи на режимот чиј наследник е СДСМ. Да слушне лично за судбината на Костадин Динката и неговиот брат Мите, едниот прогонет и убиен од бугарските окупатори, другиот од комунистичкиот режим. За ликвидацијата и голготите на Ченто, Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Методија Шаторов Шарло, Благој Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски и редица други македонски синови“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Сиве овие беа прогонувани само затоа што го сакаа својот народ, и сакаа независна држава Македонија. Нема да има помирување додека нема исправање на неправдата и извинување и затоа ги повикувам Ковачевски и СДСМ како негов наследник на овој режим да го осуди таквиот прогон и да се извини за илјадниците прогонети од режимот кој го ситнеше и убиваше стремежот за слободна и независна Македонија. Ова за нас е идеолошко прашање. Не оставајте такво црно, петно и тешко братоубиствено петно да седи над вашите глави“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

