Македонија
СДСМ: Како заложник на пироманот Апасиев, Мицкоски сака да ја украде иднината на младите
Иднина на младите е во ЕУ и секој што со своите дејствија го попречува европскиот пат работи директно против подобра иднина на младите македонски генерации, соопшти СДСМ.
Од владејачката партија го обвинија Христијан Мицкоски дека уште еднаш потврдил дека е слаб, дека нема став ниту визија и целосно е во заложништво на Левица и Димитар Апасиев.
„ Опасниот популизам одвнатре, анти европската и пироманска реторика на Левица и Апасиев стануваат се посилни а Мицкоски го имаат земено во целосно заложништво. Мицкоски не го бара она што е добро за младите, не го бара она што е добро за иднината на државата, тој само гледа како да не заостане зад Апасиев.
Апасиев и Мицкоски сакаат да им ја украдат иднината на младите, повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата да ни крахира. Вистинската закана за иднината на младите е попречувањето на европскиот пат на земјава. СДСМ никогаш нема да дозволи земјата да тргне по тој пат. На младите не им требаат опасни пиромани туку сигурна европска иднина со нова економска визија.
Политиките и визија на СДСМ и Димитар Ковачевски се единствена реална и сигурна опција за иднината на младите“ порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице пријавено за изгубено на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.