Контакт

Македонија

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност

Објавено пред

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.
„До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа?  И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.
„Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност“, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски што се однесува за сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, му порача на Филипче да си го смени тимот кој го брифира, затоа што не 5 години туку 9 има таков.
„Има институции кои тоа треба да го проверат, вие сте решиле да правите политика од тоа, легитимно е, мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Не мислам дека добивате, но ако мислите вие терајте, но не добивате. Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати? Сакате за директорите кои ги назначи СДСМ да ги видите сертификатите? Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија

Спасовски: Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес, 100 дена влада или 100 дена вработувања од семејството

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, направија целосен демант на ветувањата во изборната кампања кои се однесуваат на формирање на професионална департизирана администрација.

dobivaj vesti na viber

„Во време на изборната кампања имаше ветување дека ќе се формира мала професионална администрација во којашто департизацијата ќе биде основа, дека нема да имаме непотизам, дека само стручни и компетентни кадри ќе бидат поставени на позиции. Само во овие 100 дена направивте целосен демант со постапките за коишто можеби знаете како одлуки а можеби и не знаете“, рече Спасовски.

При тоа, Спасовски во прашањето до Мицкоски, посочи дека во првите 100 дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ, јавноста е сведок на повеќе примери на непотизам.

„Сестрата на министерот за култура Љутков, вработена во Музејот во Велес во овој период, братот на помошникот на министерот за внатрешни работи во Центарот за обука се вработил во Центарот како предавач од неодамна. Во Македонски Брод има една цела листа за 100 дена, може да кажеме 100 дена или 100 дена вработувања од семејството“, рече Оливер.

Говорејќи за стручноста и компетентноста на дел од избраните кадри на ВМРО ДПМНЕ, Спасовски го посочи за пример изборот на директорката на Комисијата за верски заедници, Оливера Трајковска.

„Започнала студии на Теолошкиот факултет во Скопје во 1997 година, дипломира 2023 година, значи после 26 години кај колега со кој заедно почнале да студираат.Дали ова се критериумите? И ако се тргне од претпоставката, тој што најдобро знае за теологијата, нема конкуренција личност што толку време студирала. И втората работа е во однос на стекнувањето на дипломата, бројот на годините колку што треба за директор и учеството односно работењето во државната администрација. Дали овие принципи коишто ги заговаравте претходно на стручност, на компетентност, на немање на непотизам, исто така ќе побарате ревносно да се расчистат во јавноста, и тие коишто искористиле одредени позиции на моќ за да успеат во намерите на своите блиски да ги вдомат, дали ќе преземат одговорност и ќе има разрешување, бидејќи тоа беа барањата коишто претходно како опозиција ги баравте“, порача Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Правосудството има низок углед, граѓаните немаат доверба во институциите, неопходни се реформи

Објавено пред

Денес на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски му постави прашања на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Првото прашање беше до претседателот на Влада, Христијан Мицкоски и се однесуваше на Републичкиот судски совет. Милошоски напомена дека моментално целото правосудство има низок углед и висока недоверба и тоа влијае на довербата на граѓаните во институциите. Тој истакна и дека ова долго време се провлекува во извештаите на ЕК и дека е време да се преземат чекори.

,,Моето прашање е дали до овој момент, Републичкиот судски совет како целина и тело или некои членови до вас доставија издржан предлог за реформи на оваа институција или доколку нема кој е вашиот план за реформа на Републичкиот судски совет со цел да се зголеми довербата во оваа институција и да има поголема стопанска извесност и капацитет за владеење на право и борбата против корупција?“, праша Милошоски

Второто прашање беше до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и се однесуваше на акцијата која беше спроведена по налог на надлежните институции во струмичкиот регион против неколку фирми од кои што најзвучна во јавноста беше фирмата на Крмзов.

,, Која е вашата проценка за овој случај? За какви дела станува збор или какви индиции ако може да се соопшти, и дали очекувате разрешница на овој кривично правен настан, според она што може вие да го процените како министер за внатрешни работи?“, рече Милошоски

Третото прашање беше до министерот за транспорт и врски Александар Николоски, во однос на делницата Прилеп-Битола. Милошоски напомена дека долго време пелагонискиот регион има потреба од оваа делница и сметаме дека би било многу добро ако навремениот почеток и реализација кој вклучува и експропријација и поместување на одредени надвозници кои веќе ги има тој пат.

,,Би сакал да ја слушнам вашата проценка, за почетокот и реализацијата и во кој временски период овие два стопански центри во Прилеп и Битола ќе бидат поврзани?“, заклучи Милошоски.

Милошоски постави и дополнително прашање во однос на Републичкиот судски совет. Тој напомена дека не може да се очекуват исти резултати ако оваа екипа во РСС продолжи да биде истата во следните 2 до 3 години.

,,Јас сум песимиста дека ќе имаме подобрување во судскиот совет доколку оваа екипа остане. Моето дополнително прашање е дали имавте веќе разговор на оваа тема со европскиот експерт? Бидејќи законоски е регулиран со закони кои се гласаат со 2/3 мнозинство во Собранието, доколку се предложи одреден закон за темелна реформа на судскиот совет освен парламентарно мнозинство, да обезбедиме 2/3 мнозинство за темелна реформа на Републичкиот судски совет“, дополни Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас

Објавено пред

„Господине Оливер Спасовски, да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија, затоа што, тоа што она го има на професионален план во енергетиката направено не можете ниту да го сонувате, а камоли па да се приближите“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Оливер Спасовски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Мицкоски додаде дека за разлика од Спасовски кој делел македонски пасоши на белосветски криминалци, министерката Божиновска има долгогодишно работно искуство, а за неа како што рече знае светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина.

„Нејзината биографија и нејзините постигнувања, се нешто за кое што барем можевте да излезете овдека и да кажете секоја чест за стручноста и за личното портфолио. И сега се доведуваме во ситуација, да е грев ако сме успешни. Се доведуваме во ситуација да зборуваме работи, кои што навистина немаат никаква врска, ниту па јавноста ја интересира, во врска со тоа кое што го води Сања. Еве јас ќе ви кажам бидејќи ја знам долго време, да речеме 12-13 години. Верувајте ми за нејзе знаат светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Додека имавме политичари во македонската влада, кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Тоа е ваша работа, тоа е директен ваш ресор и за тоа ќе ве напаѓам, ќе барам одговорност. Бидејќи го споменавте Панче Тошковски, ќе барам одговорност за тоа што сте го правеле, тогаш ќе барам одговорност. Сега да зборуваме за работи кои немаат никаква врска со енергетиката, ниту со рударството. Ниту со минералните суровини. Знаевте кои фирми носат јаглен во РЕК Битола и Осломеј. Знаевте? Знаевте кои носеа транспортни траки во РЕК Битола. Требало како МВР да го истражите тоа, бидејќи стигаа информации до вас, стигаше гласот, ние како опозиција зборувавме. Еве два реда позади вас еден поранешен ваш член од вашата влада ќе ви каже, за работи кои немаат никаква врска. Тоа била ваша работа, се надевам дека повторно никогаш нема да ви биде бидејќи тоа што таму го направивте е полошо и од најголемиот дебакл, кои што и се случи на Македонија. Ако вие сте постапувале, место да дават пасоши на светски нарко картели и лидери на такви нарко картели, и сте се фокусирале на тоа што ви е работа да истражите, зошто преку програмата за ФИТР се спонзорираа иновативни методи за креирање пица, вода за пиење, слично, кои носи јаглен, како се носи јагленот, кои врши ископ, како се врши ископ, зошто се плаќа вака, зошто ЕЛЕМ има најмногу договори во четири очи, тогаш ќе ви станело јасно, зошто денес имате 18 пратеника, а на следните избори, прашање е дали ќе имате двоцифрен број на пратеници, ако вака продолжите. Ваша работа била господине Спасовски да утврдите зошто фирми враќале данок на додадена вредност, пријавувајќи лажна консигнација, а празни магацини. Ваша работа било тоа господине Спасовски, не била моја. Ние како опозиција сме зборувале, немојте ова да го правите, немојте господине Спасовски, еве допрел до вас гласот, истражете, вие не сте го работеле тоа. Тоа е господине Спасовски ваша работа. Ќе ви дојде господинот Пекер, да му кажете не благодарам, а не лична карта да му вадите во 11 часот навечер во Драчево. И оние службеници таму кои што преземаат дело заради вас, по две три години што беа во затвор за патни исправи на српски кланови и на македонски кланови, кои што се занимаваат со криминал и корупција. Вие господине Спасовски треба да одговарате за тоа. И ако за тоа нема одговорност, тогаш да ќе барам одговорност. Тоа е работата господине Спасовски за која вие треба да се грижите. Кој каква имал самосвест, што имал самосвест, јас ви кажувам и ви гарантирам и ви потпишувам, дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Запишете го ова. Јас ова ви го кажувам и ви потпишувам да знаете. Заедно седиме тука се бориме и Македонци и Албанци и левичари и десничари, заедно сме во иста влада и работиме за еден интерес, за една кауза, тоа се вика Македонија. И ќе продолжиме да се бориме, нема да застанеме“, кажа премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на...

Македонија4 часа

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт...

Македонија4 часа

EУ ни забележува за носењето закони по скратена постапка, Гаши вели дека Собранието е подготвено за уставните измени

Собранието е подготвено за уставните измени, потребна е само политичка волја, истакна собранискиот спикер Африм Гаши по добивањето на извештајот...

Македонија5 часа

Недостигот од 20.000 учебници во Тетово за Јаневска не е реален: Не ги пријавувале оштетените учебници за да ги поштедат родителите

Големо недоразбирање е проблемот со недостигот на учебници во Тетово откога општинските власти јавно се пожалија дека во училиштата недостигаат...

Македонија5 часа

Кривична против ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на службена положба и овластувањето

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација, со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал,...

Македонија6 часа

„Изјавувам дека имам бугарскa самосвест и бугарско потекло“: министерката Божиновска пред 20 години ја потпишала изјавата, објавија бугарските медиуми

Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и...

Македонија8 часа

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ-сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира, бара СДСМ

„Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и...

Свет8 часа

Зеленски остро ги критикува САД: „Како излезе тајниот план? Беше доверлив“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал од Соединетите Држави ракети со долг дострел Томахавк за да помогнат во поразот...

Свет8 часа

(Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек, а...

Македонија9 часа

Странец осомничен за давање поткуп на Блаце, Обвинителството достави предлог за притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил...

Европа9 часа

(Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите на...

Свет19 часа

(Фотогалерија) Шпанија низ фотографии по смртоносното невреме

Најмалку 95 луѓе загинаа во невремето и разорните поплави во источна Шпанија, соопштија локалните власти. Тоа е најсмртоносната поплава во...

Македонија23 часа

Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како...

Македонија24 часа

Сиљановска-Давкова го доби извештајот на ЕУ: „Институциите ќе посветат внимание на препораките и насоките“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде...

Регион1 ден

Вархељ: ЕУ го задржа и зајакна моментот на проширување во текот на 2024 година

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархељ, денеска соопшти дека го претставил Пакетот за проширување за 2024 година. Тој посочи дека...

Македонија1 ден

Наставниците следната недела ќе добијат плати повисоки 5 отсто, а во март ќе добијат дополнителни 7 проценти, најави Мицкоски

Октомвриската плата на вработените во образованието, која ќе биде исплатена на почетокот на ноември, ќе биде поголема 5 отсто, а...

Македонија1 ден

Петровска: ДПМНЕ стави тренер по кикбокс за директор на АНБ и нè почестија со фалсификуван сертификат

„Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик...

Европа1 ден

(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија, владее хаос

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија оваа европска земја. Досега се извлечени телата на...

Македонија1 ден

ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци...

Македонија1 ден

Две директорки осудени за лажни сертификати како тој на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни...