Македонија
Мицкоски – Галовеј: Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, економија и за енергетската криза со која се соочуваат државата и граѓаните.
Претседателот Мицкоски посочи дека новиот состав на Владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее укажувајќи дека немањето стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и поставувањето стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои, како што рече, се неопходни сѐ со цел Македонија да се придвижи напред.
Од страна на претседателот Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информира дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите, Македонија се соочува со енергетска криза, која негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски ѝ се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката што Обединетото Кралство ѝ ја дава на Македонија посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

