Македонија
(Видео) Мицкоски го доби договорот, со Заев немале што да си кажат
„Средбата траеше кратко, немавме што да си кажеме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неколкуминутните разговори со премиерот Зоран Заев во Владата. Тој рече дека средбата била куса бидејќи темата била исцрпена за овие денови и тој немал што повеќе да додаде од она што го изнесе на прес-конференции деновиве.
„Ова е договор за капитулација, тој нам ни беше предаден, утре ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран. Ние допрва ќе го анализираме, а и јавноста ќе може да го види. Договорот првин ќе го разгледаме внатрепартиски, ќе го анализираме во сите партиски тела. Ќе се консултираме и со верските заедници, МАНУ, ќе повикаме на консултација и други општествени групи, така што би сакале во наредниот период да собереме еден поширок дијапазон на милења“, изјави Мицкоски по средбата.
Во врска со средбата со Иванов тој информира дека размениле мислења за договорот. Од Иванов бил информиран дека тој денеска ќе има обраќање до јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Бројките говорат дека граѓаните се заштитени на улиците со „Безбеден град“, а Филипче и неговата СДС кои не ги поддржуваат проектите продолжуваат да тонат
Последниот закон потребен за од први февруари да започне официјалното функционирање на системот „Безбеден град“ денеска е пред пратениците.
Станува збор за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците со кој се предвидува можност за примена на технологиите како систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на санкции за истите, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Безбеден град е проект зад кој застанаа сите политички фактори. Поддршката е обезбедена на лидерската средба иницирана од претседателот Христијан Мицкоски.
Но, Филипче и ова негово СДС продолжува со деструктивната политика. Со одлуката да не го поддржат проектот и потребните закони за негово функционирање покажуваат дека не се заинтересирани ниту за проект кој овозможува безбедност на граѓаните во сообраќајот.
Дека станува збор за систем што дава резултати говорат и бројките од Министерството за внатрешни работи.
Колку за илустрација, првиот ден кога почна тест периодот на први декември камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката драстично паднала на 50.652 прекршоци“.
Според информациите од МВР, додаде тој, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026 година, а бројот на повредени како последица на непочитување сообраќајни правила компарирано за овие педесетина дена е намален за 35 проценти.
Како што нагласи, граѓаните со овој проект се заштитени на улиците, а на СДС и останува да тоне со своите деструктивни политики.
Македонија
Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“
Mozzart подарува бесплатни карти за претставата „Олд Сејбрук“ и ги отвора вратите на една вечер во која театарот дише со полни гради.
Кога светлата ќе се пригушат, а сцената оживее, започнува патување низ смеа што ослободува. Секој дијалог носи трага од искреност, секоја тишина има своја тежина, а секоја емоција го наоѓа патот до публиката.
Театар Комедија ќе биде дом на една посебна приказна на 11 февруари.
Настанот носи и хуманитарна мисија. Присутните ќе имаат можност преку SMS порака да донираат за организацијата Банка за храна. Една порака – еден оброк за оние на кои им е најпотребно. Така секој аплауз ќе одекне двојно: како радост на уметноста и како глас на добрината.
Валентин Костадиновски, Дарја Ризова, Елена Кузманов, Благој Веселинов, Атанас Атанасовски, Маја Љутков и Тони Денковски ќе ве поведат низ свет полн со емоции, каде секој збор и секој поглед на сцената ќе потсетат дека уметноста е најубавиот начин да се сподели човечноста.
Сите љубители на уметноста и хуманоста се поканети да бидат дел од оваа незаборавна вечер каде душата и сцената се спојуваат во едно.
Од понеделник, 26.01.2026, своите карти можете да ги обезбедите на билетарата во Театар Комедија.
Количините се ограничени – најбрзите ќе имаат привилегија да бидат дел од ова искуство. Влезот е бесплатен, а картите ќе се делат сè до пополнување на капацитетот.
Mozzart и Театар Комедија ветуваат вечер што ќе ја паметите – вечер во која уметноста и хуманоста се прегрнуваат и создаваат незаборавна симфонија на добрина.
ПР
Македонија
Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки.
,,Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат.
Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?
Случајот со апелациониот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, не е само скандал. Тоа е симбол на длабока системска слабост – симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем”, рече министерот за правда Игор Филков.
Овој случај , според Филков дополнително ја нарушува довербата во целото судство и ја доведува под сомнеж функцијата судија која што треба да е во служба и во интерес на граѓаните и правдата, а не привилегија.
Истовремено, јавноста сведочи и на сериозни предизвици во функционирањето на обвинителството – недоволна ефикасност, ограничени капацитети и недоволна решителност во справувањето со најтешките форми на криминал.
,,Истражувањата за перцепцијата на корупција покажуваат дека довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена.. Таа доверба не може да се врати преку ноќ, ниту со една одлука.
Јасно е дека проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Свесни сме дека без темелни и добро насочени реформи, ваквите појави ќе продолжат да се повторуваат. Затоа, Министерството за правда пристапи системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни чекори”, нагласи министерот за правда Игор Филков.

