Македонија
Мицкоски го честита Денот на АРМ: Мора да се работи на подобри услови и подобар стандард на војниците
Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го честита Денот на Армијата. Тој рече дека денеска се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“.
„Нивната борба беше за слобода на Македонија, а АРМ како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар. Преку учеството во антифашистичката борба, кога македонскиот народ заедно со сојузниците се избори за слобода и победа на фашизмот, преку учеството во мировните мисии предводени од сојузниците во НАТО, македонската армија покажа и докажа дека има капацитет да се сноси со сите предизвици. Бевте и ќе бидете секогаш на вистинската страна на историјата.
Имајќи ги во предвид жртвите кои ги давате во вашето служење за татковината, и како човек кој поминал низ нејзините структури ја заслужувате нашата највисока почит, но и третман од државата.
А, условите во кои дејствувате се несразмерни со трудот и интензивниот ангажман кој го давате. Затоа мора да се работи на подобри услови и подобар стандард. Доаѓа ново време, време за обнова на Македонија, кога секој ќе биде вреднуван. Дозволете ми уште еднаш да го честитам денот на АРМ. Нека е за многу години“ порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

