Македонија
(Видео) Мицкоски: Да се воведе кризна наместо вонредна состојба
Здравјето на граѓаните ни е пред сè и затоа едногласно донесовме одлука дека треба да се одложат предвремените избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба.
„Дилема беше првата основа како да се реализра, она што беше став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите, имаше предлог да се свика Собранието и според некои други поранешни искуства да донесе одлука, но не постои правна основа за повторно свикување на Собранието. Нашиот став е дека е потребно по лидерската средба, да се формира експертски тим, кој ќе понуди правна основа за одложување на предвремените избори“, истакна Мицкоски.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го побара, рече Мицкоски, се разликува – дали да имаме кризна или вонредна состојба.
„Уставот предивдува вонредна, но не и кризна состојба, но вонредна состојба не е регулирана со законот и не се знае кои би биле чекорите. Од друга страна, постои Закон за кризите, кога се формира кризен штаб. Можеби треба експертите што подоцна ќе разговараат да донесат решение, може требада се прогласи кризна состојба на целата територија, а потоа вонредна состојба“, објасни тој.
„Остануваме на ставовите дека приоритет е здравјето на граѓаните, предупредувавме за сериозноста, еве сега да предупредам за мониторирање на она што ни се случува во државата, да не се случува во 13.30 часот да се каже дека нема нови случаи за потоа во 22 часот да се каже дека имаме пет нови случаи“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

