Македонија
Мицкоски до ДУИ и СДСМ: Кажете јавно, како што се договарате за тендерите и криминалните зделки, така се договоривте и да нема одговорност за Тетово
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во општина Илинден ги прозва ДУИ и СДСМ дека како што се договараат за тендери и криминални зделки, така се договориле и да нема одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што живи изгореа 14 луѓе.
„Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека виновен е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси, делат тупаници среде Скопје. Заев и неговите во оваа кампања се надминуваат себеси. Ако претходно секој ден имаше по еден до два скандала, сега се веќе три-четири дневно. Кулминираат лудилото, ароганцијата и опиеноста од моќта на владењето, зачинето со страв од пораз, па почнаа да се распаѓаат по сите шевови“, потенцира Мицкоски.
Затоа, драги пријатели, 17 октомври е денот кога сложно треба да ставиме крај на ова лудило, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

