Контакт

Македонија

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Објавено пред

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, излегоа масовно да му каже на Зоран Заев „не“, немој да го правиш, Зоране, тоа што си го наумил, со овие зборови вечерва го почна својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот на опозицијата, кој е трет по ред во серијата протести.

dobivaj vesti na viber

„Покажавме дека сме живи, покажавме дека нè има и покажавме дека повторно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ ќе бидат победничката политичка сила во Република Македонија.
Пред повеќе од 6 месеци, да бидам попрецизен, стоев и велев, не верувајте ми мене ако се двоумите, ако имате каква било резерва во тоа што ви го говорам, можам да ве разберам и можам да ве оправдам, поминале и продефилирале многу лажговци овде пред вас. Многу лажговци кажувале како Зоран Заев и ветувале брда и долини, но верувајте си на самите себе и верувајте му на она што го гледате. А тоа што го гледавте тогаш, беше црнило во почеток, а денеска е црнило во кулминација.
Саде е црнила низ Република Македонија. И ќе ми речат и ќе ме прашаат – зошто токму избравте црнила, па зарем, освен овие црнила што ни се случуваат и темнина, има нешто со што можеме да се пофалиме и да речеме дека оваа ненародна влада на СДСМ со криминални гени, предводена од аболиран политичар, може нешто да направи за нашата татковина.
Дозволете ми на самиот почеток уште еднаш да ги поздравам сите оние што од разноразни причини, од притисоци на своите работни места, од закани и уцени на претпоставените номинирани од овие горе што нè снимаат шпионски од оној прозорец онаму – снимајте, снимајте, ама еден ден ќе платите за тоа што снимате.
Да ги поздравам затоа што знам дека и нивните срца се овде долу со нас, дека и тие се со нас и нè следат и нè поддржуваат. Стотици илјади граѓани во Македонија во овие декемвриски денови, без разлика дали се овде пред платото на Владата на Република Македонија или на другите плоштади, улици и булевари, во куќите, во домовите, во сокаците и маалата, знам дека ни ја даваат поддршката и дека нè има многу и ќе нè има уште повеќе сè додека не им го видиме тилот како заминуваат од таму оние шпиони што снимаат сега одозгора. Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза, со љубомора, со завист. Тоа е она на што тие се подготвени.

Наместо да владеат со проекти, со реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Овој народ тоа не го дозволува и овој народ и овде и насекаде во Македонија ќе им каже едно големо НЕ на Зоран Заев и СДСМ.

Ветуваа живот, драги сопатници, браќа и сестри, ветуваа живот дека ќе донесат во Република Македонија, а донесоа црнила, донесоа чемер и јад во домовите на нашите сограѓани.

Ништо не се мрда, камен на камен не оставија, национално нè омаловажија, ни го уништија достоинството. Го убија Македонецот во Македонецот. Но, нема да се предадеме затоа што Македонецот на Македонецот е Македонец, бил со векови и ќе остане колку и да пишете колку и да бришете. Колку и да снимате од таа вистина, нема бегање и нема да ви дозволиме да избегате.

Зошто црнила? Ќе почнам од оние што овие денови се најактуелни, а тоа се докторите. Зошто токму докторите? Им ветуваа, сетете се – 100.000 денари просечна плата. Од 100.000 денари нема ништо. Уште една голема лага на овие нечесни политичари.

Потоа, им ветуваа линеарно покачување на платите и добија симболични 5 проценти. Но, веднаш овој човек што себе си треба да се нарече градски татко, потрча и тие 5 проценти да им ги скрати, па им го зголеми паркингот за нивните работни места во Клиничкиот центар за да си ги вратат парите што им ги дадоа. Па вакво лажење нема никаде. Ваков ни Минхаузен не бил.

Им ветуваа на матичните лекари, им ветуваа на стоматолозите зголемена капитација, зголемена од таа што ја имаа. Нити зголемена капитација ниту нешто што претходно го ветуваа. Напротив, и тоа што го имаа на времето, и тоа им го зедоа.

Затоа, едно големо „уааа“ за таа лага.

Младите секој ден ја напуштаат Македонија затоа што се чувствуваат излажани, манипулирани, затоа што им ветуваа т.н. младинска гаранција, им ветуваа студентски град, им ветуваа перспектива и фер шанса за сите. Не само што не добија туку нема ни надеж за да се добие бидејќи тие се зафатени со промена на името и промена на идентитетот, немаат време за младите.

Денеска го слушам, само да се завршело ова и веќе во јули ќе ни тргнело, не сега од јануари, од јули ќе ни тргнело. Па ги искара бизнисмените, им рече – вие треба да одите напред, Европа била таа што ќе нè научела. Не, бре, ние треба да се европеизираме за Европа нам да ни подаде рака. Со криминалци во Владата, со криминалци во јавните претпријатија и министерствата што вие ги именувавте нема Европа. Европа бара честити луѓе и искрени луѓе, вредни луѓе и луѓе што работат, а не луѓе што на својата нација ѝ велат дека е комплексирана нација, дека е нација без свое јас. Нема така во Европа. Во Европа мора да сме честити, вредни и чесни, што е најважно – сè она што не сте вие СДСМ и Зоран Заев.

Изминатиот период остварив многу средби со бизнисмени. Посетивме неколку стопански комори, разговаравме за реалните проблеми на бизнисмените, на економските оператори, на реалниот сектор. Единствен и заеднички именител е дека никогаш не било потешко и едвај мака мачат од први до први да скрпат. Црнила донесоа и во економијата. Им ги зголемија даноците, па сега лажат преку оној малечок министер за финансии дека ова било робинхудски пристап, ќе земле од богатите, од тие што имаат, па ќе дале на сиромашните, а притоа не кажуваат дека ќе ги даночат земјоделците. Дека не само што ќе ги даночат туку и сето она што го имаат дома досега, и тоа ќе им го земат. Зарем такви луѓе ја заслужуваат довербата на граѓаните?

Освен црнила, порази и уништување, ништо друго не ни донесоа во Република Македонија по една и пол година Влада, а претходно учествуваа повеќе од една година во техничката влада. Зарем на овие луѓе треба да им се верува? Јас повеќе не можам да им верувам ниту една секунда од мојот живот.

Ве повикувам масовно сите граѓани во Република Македонија, без разлика на етничката, без разлика на верската припадност, да ни се придружите и да застанете рамо до рамо со нас. Што побргу заминат, толку побргу ќе ѝ се раздени на Македонија и ќе изгрее зората.

Ќе речат правеле реформи во судството,на ранг листата сме 112-та земја според „Транспарентност интернационал“, Танзанија и Етиопија се пред нас. Ќе речат нè носеле во Европа. Не Европа, Африка ја донесоа во Македонија. Ете тоа направија од европска Македонија, афричка Македонија според степенот на корупција што владее во моментот во Република Македонија.

За пензионерите ветуваа зголемени пензии, ветуваа дека 5 отсто секоја година ќе ги зголемуваат и тие што ги даваат, не ги исплаќаат онолку колку што треба. Црнила и за пензионерите. Сега им сметале луѓето, сакале и работниот век да го продолжат, што помалку време да имаат во своите најубави години од животот. И тоа нема да го дозволиме. Првата седница на новата влада кога ќе ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ и таа влада ќе ги укинат даноците и ќе ги зголеми пензиите.

Што прават? Прават фингирана дебата за уставните измени. Не ја почитуваа волјата на граѓаните јасно изразена на референдумот. Не ја почитуваа таа волја и одлучија по насилен пат да фингираат дебата во градовите низ Република Македонија, па да поканат граѓани во Република Македонија со привремен престој со поинаква боја на кожата. Да им аплаудираат дека она што го прават е добро за Македонија и Македонците. Нема кој да им каже „не“ затоа што канат експерти што му аплаудираат и што го тапкаат по рамото. Од тоа, Зоране Заев, немаш фајде нити ти нити граѓаните на Република Македонија. Тоа е лажно тапкање, ја губиме државата. Македонија ни оди во неповрат, народот си оди, бизнисот е разочаран, црнила и темнина на улиците и во сокаците. Не може вака, доста ги слушаш тие што те тапкаат. Те лажат, ќе ја изгубиме државата и после нема кој да нè оправи, затоа престани, доста е, овој народ тоа ти го кажува. Доста е.

И во пауза при распродавање на нашиот идентитет, нашето национално достоинство и гордост, ќе тргнат малку против ВМРО-ДПМНЕ. Зошто им пречи ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знаат дека доаѓа денот кога народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе им пресудат за сето ова што ѝ го прават на својата татковина, за целокупната пљачка, криминал, национално достоинство, кое се губи, и ја парчосуваат парче по парче Република Македонија. Тоа нема да ви го простат граѓаните на Република Македонија, треба да сте свесни за тоа.

Ќе речат, ајде да го реформираме судството. Еве каква реформа направија. Два примера ќе ви кажам, доволно се, не треба повеќе. Бараме владеење на право, бараме криминалот да биде казнет. И ние го бараме тоа. Секој што згрешил пред законот треба да одговара. Но, што направија. Именуваа директор на Академијата за судии и јавни обвинители, онаа Академија од каде што треба да произлезат идните кадри, јавни обвинители и судии, Наташа Габер-Дамјановска, сестрата на Виктор Габер, долгогодишен дипломат од редовите на СДСМ, советник на Зоран Заев и човекот што го води телото кое преговара со Грција за нашата историја, нашата археологија и нашето образование. Ќерката, пак, е државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, номинирана од СДСМ, мајката во Советот на Град Скопје како кадар на СДСМ. Партија, дипломатија, судство, така ли ќе го реформирате судството, тоа ли е начинот?

Минатата недела цела македонска јавност знаеше дека Лорета Георгиева ќе биде избрана за нов член на Судскиот совет. А зошто? Затоа што таа е сопруга на човекот што е приватно близок со Зоран Заев. Сите тоа го знаеја. Оној Судски совет што треба да ја оценува работата на судиите во Република Македонија, токму тој Судски совет, таму членува Лорета Георгиева. Затоа им е битно, затоа што нема кој после да им го отвори „евро за евро“ и случајот „Поткуп“, нема кој да го отвори „Глобал“. Сите ќе мора да молчат и да му се подведуваат на монархот. А кој е монархот? Монархот е оној што нив ги именува таму, Зоран Заев. Ние тоа нема да го дозволиме. Такво судство не ни треба.

Па, ќе воскреснат закон за специјалното јавно обвинителство, закон што никој не го видел во државата, никој не го видел како изгледа. Министерството за правда, каде што имаат монопол, ќе го закачи и ќе бара јавна дебата. Ќе приготват монархистички закон за да може секој оној неистомисленик да го казнат, да го осудат и ако малку ги критикува и ако зборува против нив и нивните политики, да го пратат во притвор, во затвор, затоа што само така тие се научени да владеат. Со страв и притисоци, а не со проекти и работа.

Не сме против правдата, ние сме против злоупотреба на институциите, против трговија со правото и правдината. Ние сме за нова независна обвинителска институција, која ќе биде уставна, а не како оваа неуставна, која ќе го истражи целокупниот криминал од минатите влади, но и од оваа Влада и овој скандал со прислушување на обвинителите и судиите, кој ни се случи, црниот „Вотергејт“ на Заев и на Спасовски. За таква институција сме ние, институција што ќе ги отвори сите тие случаи и ќе ги казни затоа што тие мора да ја добијат заслужената правдина.

Ќе продолжиме, почитувани сопатници, браќа и сестри, да протестираме овде пред платото на Владата. Но, знам дека и голем дел од вас е дома, нè поддржува. Јас ве повикувам сите, младо, старо, машко и женско, да ни се придружите. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и простете оние што не ги споменав. Придружете ни се со нас и марширајте рамо до рамо. Сочувствувајте со нашата болка, да се обидеме, да го спасиме она што остана од Македонија, да остане за да не отиде во неповрат. Да го спасиме македонското во Македонија. Да го спасиме она на што сите најмногу се гордееме, а тоа е македонското име и македонскиот идентитет. Застанете рамо до рамо со нас.

Но, ќе продолжиме да протестираме и да бараме сè додека не дојде конечниот пораз на оваа Влада и јас овде ќе ги повторам оние 6 наши барања.

Првото барање – веднаш неотповиклива оставка на Оливер Спасовски поради целиот криминал, поради сите оние неразјаснети убиства, поради сите оние мафијашки пресметки, поради сето она што го нарачуваш и оперативно го спроведуваш, поради сите претреси на нашите браќа и сестри во нивните домови рано наутро во 5 часот, поради сите омаловажувања пред нивните деца и трауми што ги доживуваат. Зошто? Затоа што ѝ дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што излегле да протестираат против вас, хунто една. Затоа бараме, прво, неотповиклива оставка од Оливер Спасовски.

Второ, веднаш неотповиклива оставка на оној министер за надворешни работи поради сите понижувања и национални омаловажувања што ни ги приреди. Но, најмногу поради тоа што нè нарече комплексирана нација. Нацијата што лебот му го дала. Нацијата што ги школувала и него и неговото семејство – веднаш неотповиклива оставка.

Трето, веднаш повлекување на законот за зголемување на даноците. Не ги опфаќа законот за зголемување на даноците само оние со повисоки примања. Ги опфаќа и земјоделците, и економијата, и бизнисот и професорите и сите оние што се со договор на дело затоа што нема веќе да биде 10 проценти, туку ќе биде многу повеќе. Затоа, доста го лажете својот народот и веднаш повлечете го законот за зголемени даноци. Тоа е нашето трето барање.

Нашето четврто барање – велевте почист воздух. Ајде вистински да донесеме почист воздух на долг рок. Вратете ја назад гасификацијата и откажете се од оние мерки со кои секој ден го лажете народот, од оние мерки што предвидуваат бележење на возилата како во апархејдот. Доста е. Не може повеќе на ваков начин да се однесувате со сопствените граѓани. Тоа е нашето четврто барање.

Петтото барање е веднаш формирање комисија што ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите што се резултат на црниот „Вотергејт“ на Заев, прислушувањето на јавните обвинители и судиите. Веднаш сторителите и нарачателите да одговараат за ова.

Шесто, да се почитува волјата на народот јасно изразена на референдумот на 30 септември.

И сосема на крај, ова директно и само за Зоран Заев. Минатиот пат те повикав, одби да излезеш на дуел пред референдумот. Ајде сега пред Нова година јас и ти, очи во очи, пред целата македонска јавност.

Ајде јас и ти. Но, викни ги најпрвин на помош оние наши поранешни браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те брифираат за вмровските работи. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она што ѝ го приреди на нацијата, за сите лаги, за сите недостоинствени политики, јас и ти, очи во очи, пред македонските граѓани, па тие нека судат и нека пресудат кој е во право. Немој овој пат да се криеш.

Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш и каде што ти ќе кажеш.

Тие создаваат црнила, ние ќе создадеме зора што ќе ги победи тие црнила. Ќе ми речат оние душегрижници, оние скапо платени со жолтици експерти, таканаречени пера новинарски: само критикуваш, а не нудиш решенија.

Ќе понудиме решенија, и тоа многу бргу. Но, најпрвин мора да ги потсетиме за тоа што го ветија, за тоа што го излажаа, било и да не се повтори.

Ве поканувам, в недела, во Велес, со почеток во 13 часот, да продолжиме за Македонија затоа што Македонија мора да оди напред“, повика Мицкоски.

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации

Објавено пред

Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

dobivaj vesti na viber

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.

Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:

1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет2 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет5 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет5 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет5 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет6 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет7 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија7 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет7 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет7 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет11 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија12 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет12 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет16 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет18 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија19 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет19 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет20 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет20 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...