Македонија
Мицкоски до Филипче: тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата
„Повторно ќе кажам, тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто што, претпоставувам, ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред, тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме в година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, а кој не“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.
Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции, од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на „Вабтек“.
„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.
„И трета инвестиција што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на ‘Вабтек’, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, особено во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:
„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е приближно за овие први 30 дена“.
Премиерот Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.
„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.
„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети што доаѓаат од новоизбраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Македонија
Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.
„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.
76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.
Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?
Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?
Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?
Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?
Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.
А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.
„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

