Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Зоран Заев продал државно земјиште кое завршило во рацете на Вице Заев

Објавено пред

Зоран Заев во својство на градоначалник на Струмица продал државно земјиште кое завршило во рацете на Вице Заев, обвини во видеообраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека пред четири години било одржано јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во Струмица, каде се јавил само еден понудувач – лицето Сашко Брндевски, од Струмица, бизнис-партнер во една од компаниите на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

„На лицитацијата постигната е цена од 2300 денари за метар квадратен, а парцелата со намена за изградба на објект за колективно домување е со вкупна површина од 18462 метар квадратен.
Пред издавање  одобрение за градење Општина Струмица, во тоа време, ќе повторам, водена од Зоран Заев, одобрува на продадената локација да се градат осум нови седумкатници со вкупна бруто изградена површина од 52850 м2.

Во февруари 2016 година Зоран Заев на Сашко Брндевски му издава одобрение за градење станбена зграда бр. 8. Во истиот месец во 2016 година лицето Сашко Брндевски склучува договор за пренесување  право на градење на предметната парцела со правните лица ‘Тотал инженеринг’ – сопственост на Вице Заев и АД ‘Пелагонија Струмица’, во чиј управен одбор во тоа време пак е братучедот на Заев, Трајче Заев“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека како надоместок за тоа што им отстапил право на градење, лицето Сашко Брндевски добило стан од 40 квадратни метри.

„Потписници на овој документ се Вице Заев, Сашко Брндевски и управителот на АД „Пелагонија’, Јанев, каде член на управен одбор во тоа време е братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев. Ова отвора сомнеж дека бизнис-партнерот на Заеви е само параванот, а потоа јасно се гледа дека зградите се градат токму од компанијата на братот на премиерот Зоран, Заев, Вице Заев. Во месец март 2016 година Зоран Заев носи решение за промена на инвеститор, каде што наместо Сашко Брндевски, нови инвеститори на станбената зграда се двете наведени фирми. Така што  ова е документ каде јасно се гледа дека Зоран Заев, сега премиер, тогаш градоначалник на општина Струмица, се потпишува на решението каде стои фирмата на неговиот брат Вице Заев и фирмата каде неговиот прв братучед е член на управен одбор“, обвини Мицкоски.

Тој упати апел до јавното обвинителство да испита дали се работи за постапка каде што однапред се знае добитникот на парцелата, под кои услови е отстапено правото на градење, како и да се испита потеклото на парите на Брндевски, околу 700 илјади евра, кои се уплатени на сметката на Општината.

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.

dobivaj vesti na viber

ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.

Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“

Објавено пред

Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.

dobivaj vesti na viber

„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре затворени неколку улици во Скопје

Објавено пред

Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.

dobivaj vesti na viber

Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.

Утре исто така  со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај  во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.

Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па  лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ6 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија8 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа8 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ9 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија12 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет13 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет14 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија15 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија1 ден

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија1 ден

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија1 ден

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ1 ден

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 дена

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 дена

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...