Македонија
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за капитални проекти во општините, пристигнати се над 300 апликации
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како тече вториот јавен повик од проектот за капитални инвестиции од 250 милиони евра за општините, изјави дека засега состојбата е одлична, пристигнати се 340 проекти од 51 општина.
„Таму е одлична состојбата, повеќе од 338, 340 проекти веќе се пристигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли и 400, зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра, без оние средства коишто отидоа преку Министерството за транспорт“, истакна премиерот.
Целта на Владата, напомена Мицкоски е да се инвестира на цела територија на државата.
„Сега имаме 15 милијарди денари, 250 милиони евра. Секој ден сме присутни на некој нов проект, ве поканувам, во сабота во Студеничани. Таму почнуваме еден голем проект, тоа е за два дена од денеска. Така што на цела територија како што ветивме, без разлика на градоначалникот, дали е од опозицијата или од власта или е независен, ние имаме цел и намера да инвестираме на цела територија на државата“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

