Македонија
Мицкоски: Иницијативата на Ахмети и ДУИ за претседател на државата е обид за дефокус
При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на иницијативата на ДУИ и Ахмети за претседател на државата истакна дека таквите изјави треба да се игнорираат бидејќи доаѓаат од политичари кои што не се фактор, а и за бргу време ќе бидат пратени во политичка пензија но и голем дел од нив ќе бидат и дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност бидејќи постојат основани сомненија дека сториле огромен криминал изминатите години.
„Ја слушнав таа изјава на Али Ахмети ќе го поделам одговорот во два дела, првиот дел мислам дека оваа изјава на Али Ахмети во отсуство на други идеи и во отсуство на корисни проекти а во услови кога се фатени во огромен криминал ДУИ се обидуваат сега со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата, како што беше тема во кампањата премиер Албанец сега да биде претседател Албанец и мислам дека треба да се игнорира, бидејќи сите ние знаеме дека прво не се фактор за да можат да наметнат таква тема и мислам дека не треба повторно да се фаќаме како јавност на јадицата која што доаѓа од политичка опција која што набргу од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за сето тоа што го правеле. Второ, дури и самата дрскост да се каже такво нешто и тоа да се поврзе со уцена за излезеноста на изборите претставува не државен чин за партија која што претендира да се претстави како државотворна и која што 22 години е дел од владата и го јаде лебот поради овие граѓани и оваа држава.
Мицкоски потсети дека во минатите претседателски изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ не уценувале за цензус.
Ние тоа не го направивме. Затоа на политичката сцена во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ и сите останати а тоа го потврдува Али Ахмети и ДУИ. Затоа ве замолувам многу внимателно да пристапуваме како медиуми на ваквиот тип на изјави и обид за дефокус од политичари кои што не се фактор а се обидуваат да се претстават како фактор а за многу бргу време од денес ќе бидат пратени во политичка пензија и голем дел од нив ќе бидат дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност за кои што постои основани сомненија дека сториле огромен криминал изминативе години“, рече Мицкоски и нагласи дека на претстојните избори треба да се истакнат проектите, капиталните инвестиции и подобриот стандард на граѓаните, а не фрустрациите на поединците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

