Македонија
Мицкоски: Ковачевски да престане да биде кукавица, и нека ги прати уставните измени во Собрание да види дали ќе му поминат
При денешното отворање на штаб на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ул. „Македонија“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски рече да ги донесе сите предлози за уставните измени во работната група и таму да дебатира истакна дека Ковачевски треба да престане да биде кукавица, и да ги прати уставните измени во Собрание да види дали ќе му поминат.
„Јас сум кажал дека работната група е затворена тема за мене и за ВМРО-ДПМНЕ, но ако еве веќе толку му е мерак со тие уставни измени го повикувам час поскоро да ги достави до парламентот и да ја затвориме таа тема, да не ја оптеретуваме јавноста со тоа дали ќе има уставни измени или ќе нема уставни измени еве ако е толку сигурен дека тоа што го прави тој и владата на ДУИ поддржана од него и неговата партија СДСМ, еве нека ги достави до парламентот и како такви ние ќе видиме дали практично ќе имаат мнозинство за потребата за отворање на Уставот или ќе немаат и да ја затвориме темата, да не ја оптеретуваме јавноста бидејќи навистина имаме многу суштински теми за кои што треба да зборуваме. А, тоа се криминалот, корупцијата, лошата економска состојба, проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Македонија. Еве ако му е толку мерак не се однесува како повторувач во трето одделение нека ја достави иницијативата. Не знам зошто чекаат, нели требаше минатата година во септември, октомври, па се предомислија во декември, па потоа рекоа во февруари, па не во февруари во мај, еве нека седнат и нека достават да ја затвориме еднаш засекогаш таа работа“, вели Мицкоски и додава:
„Во овој парламентарен состав уставни измени ќе нема и тоа му е јасно и на Ковачевски и сега мисли дека ќе не кодоши по Европа по светот ќе лелека ќе плаче мислејќи дека ќе дојде некој овдека и ќе не убедува ќе не притиска. Треба и на него да му е јасно дека во политиката во вакви моменти се препознаваат луѓето кои што имаат амбиција да се занимаваат со политика. Ова се моменти кога човек треба да одбере, и ова се моменти кога ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно одбравме а тоа е народот, страната на народот и тука нема дилема. Затоа еве го повикувам да не биде кукавица ако му е толку мерак, бега од избори, го поставија таму без да излезе на избори, нека ја достави оваа иницијатива во парламентот, нека не чека нема да се смени ништо, ни во мај ни во јуни ниту во септември ниту во октомври да се смени еве јас јавно го кажувам тоа. Нека ги достави во Парламентот ако има 80 пратеници како рековме јас заминувам од политиката тој продолжува да биде премиер ако нема 80 пратеници тогаш треба да одиме на избори, затоа што неговата политика е поразена“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење
Во периодот од 16 до 22 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци.
Најголем дел од прекршоците, односно 4.691, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло евидентирани се 16 прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле регистрирани 33 прекршоци. Во првата недела од месецот биле констатирани дури 163 прекршоци за минување на црвено светло, информира МВР.
За управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, констатирани се 203 прекршоци.
Во истиот период изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица. Во првата недела од месецот биле изречени 288 вакви мерки.
Од вкупно 117 изречени мерки минатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 за брзо возење. Од нив, 75 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 19 за надминување на дозволената брзина за повеќе од 10 километри на час, и седум за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон побезбедни патишта.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Местени тендери и аванси во Државната лотарија, Груби ќе се соочи со правдата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека време е за одговорност и дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби ќе се соочи со правдата.
„По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСM и ДУИ и додаде дека конечно ќе се соочи со правдата.
Петрушевски посочи дека, криминалот на Груби достигнал минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а дека постојат индиции оти сумата може да надмине десетици милиони евра.
„Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници“, рече Петрушевски.
Тој обвини дека СДСМ знаела за милионскиот криминал, но молчела за да ја одржи коалицијата на власт.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека борбата против криминалот и корупцијата останува нивен приоритет и дека секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.
Македонија
Сали во официјална посета на Украина: посетата има за цел размена на искуства за европската интеграција и поддршка за Украина
Утре првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции задолжени за европската и евроатлантската интеграција.
Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина.

