Македонија
(Видео) Мицкоски: Лага е изјавата на Русковска дека одбивам соработка
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги отфрли како неточни исказите на обвинителката Русковска дека не сакал да соработува со Обвинителството и нагласи дека е подготвен во кое било време, доколку биде повикан, да се појави на распит и да даде исказ.
„Како може да прејудицира обвинител, кој треба да биде странка и да ги заштитува интересите на правдата и вистината, да каже дали ќе прифатам или не да соработувам со Обвинителството и да дали ќе дадам исказ“, рече Мицкоски.
Тој рече дека од јуни разменува СМС-пораки со обвинителката Русковска за нивна средба во врска со, како што рече, уцената на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот со замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека до ден-денес не договориле средба.
„На 11 септември беше прес-конференцијата на која зборував за документите што свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ. За сево ова имам докази и подготвен сум да докажам сè“ изјави лидерот на опозициската партија.
Мицкоски ја осуди цензурата врз новинарите и повика Јавното обвинителство и другите институции да си ја завршат работата во согласност со законите, без вршење каков било притисок на новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

