Македонија
Мицкоски најави три нови можни инвестиции
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за потенцијални нови странски инвестиции, посочи дека се преговара за три можни нови инвестиции во вредност од четвртина милијарда евра.
„Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја, која е членка на ЕУ. И ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако сѐ биде како што треба, се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Заедно со овие две проширувања, ќе имаме приближно уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината, што значително ќе влијаат врз БДП“, најави Мицкоски и додаде:
„Овие две проширувања се во автомобилската индустрија на веќе постојни инвестиции овде кај нас, а што се однесува до новата, тоа е, да го наречам, во индустријата за производство на суплементи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.

