Македонија
Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор
Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.
Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија, односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.
-СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ, рече тој.
Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.
-Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ, а тие се опишани со три збора „Како до сега“, потсети Мицкоски.
Мицкоски во врска со Пендаровски посочи две главни работи кои, како што рече не треба да се заборават.
-Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8 Мај да се исели, порача Мицкоски.
На крај Мицкоски порача:
– Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

