Македонија
Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен
Пред нас се неколку клучни недели кои што значително ќе ја определат иднината на Македонија во кој правец ќе се движи, бидејќи не се само обични избори и нема да биде клише ако кажам дека овие избори, практично се раскрсница која насока ќе ја земе Македонија во иднината. Јас сум убеден дека тоа ќе биде правилната насока и од она што го гледам во изминатите дванаесет дена низ Македонија е дека навистина има едно големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Дојран, давајќи ветување дека во период кој што следи после изборите и формирањето на владата, ќе има многу напорна и чесна работа.
Мицкоски истакна дека ако направиме една ретроспектива наназад што се случувало кога владата во Македонија ја предводела СДСМ, тогаш ќе дојдеме до елементарен заклучок дека најмногу губела Македонија како држава, граѓаните бидејќи се осиромашувале, се ограбувале и исто така, не помалку важно, губел македонскиот идентитет, набројувајќи примери од осамостојувањето на Македонија до денес.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека ова го зборува со цел да потсети на важноста на 24 април и на 8 мај, од Дојран, обраќајќи му се на сите граѓани кога ќе ја носат одлуката треба сето ова што се зборува да се има во предвид за да не се повторуваат порази, грабежи, омаловажувања, понижувања и срам кои што секогаш, без исклучок, го носи владата на СДСМ.
„Сето тоа што го зборуваат, сето тоа што го зборува Демократската унија за интеграција, сето тоа што го зборува Артан Груби, Али Ахмети, Бујар Османи, верувајте, тоа го зборува јавно затоа што тоа е зборувано тајно со Стево Пендаровски, Зечевиќ, Маричиќ, Димитар Ковачевски и останатите, само што овие се почесни па го кажуваат, а овие чекаат шверцерски да наметнат повторно уште една лага на изборите и да се обидат да го изманипулираат народот и потоа правеа нешто што не го ветуваа. Не понижуваа, не срамеа, не ограбуваа и Македонија е денеска таму каде што е“, рече Мицкоски.
За жал, рече Мицкоски, оние чевли кои што ги редеа пред зградата на македонската влада симболизирајќи го иселувањето на македонските граѓани, сопствениците на тие чевли никогаш не дојдоа, ама бројот на тие чевли се зголеми за десет пати кои што ги чекаат сопствениците кои што заминаа од Македонија изминативе шест и половина година.
„Како професор на факултетот можам да ви кажам дека осум од десет мои студенти, веднаш по дипломирањето кога ќе ги прашате каква е вашата иднина, кој е вашиот план, што планирате да правите, сите велат бегаме што подалеку од овде. И не само затоа што економска е причината, бидејќи како инженери имаат релативно примамлива почетна плата, туку повеќе затоа што чувствуваат фрустрации бидејќи некои граѓани се привилегирани и се граѓани од прв ред, а тие се чувствуваат граѓани од втор ред. Во некои делови од Македонија законите важат, а во некои делови од Македонија законите не важат“, истакна меѓу другото Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата
Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка. Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.
„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.
Македонија
Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат
Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци, изјави Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
– Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери. На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат – вели Мојсоска.
Македонија
Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, велат од СДСМ
Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, велат од СДСМ.
„СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија. Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори. СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места“, дополнуваат од СДСМ.
Како што велат, со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.
„Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава. СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места“, завршуваат од СДСМ.