Македонија
Мицкоски од Македонска Каменица: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи
Дозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед, порача премиерот Христијан Мицкоски.
„Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден. Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли“, посочи Мицкоски и додаде:
„Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

