Македонија
(Видео) Мицкоски: Планот на Заев беше да не се постигне договор
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по вчерашната лидерска средба која траеше речиси седум часа, а на која не беше постигнат договор со премиерот Зоран Заев за законот за Јавно обвинителство со што би се решила судбината на СЈО.
Мицкоски рече дека била постигната согласност во однос на предлогот што го дал Заев да се формира јавно обвинителство што ќе гони дела за висока корупција. Тоа јавно обвинителство би било на исто ниво како Обвинителството за организиран криминал, што го предводи Вилма Русковска, а шефот на ова обвинителство да биде избран од најголемата опозициска партија.
Предлогот на Заев бил ако власта не го прифати предлогот на опозицијата за шеф на ова обвинителство, Советот на јавни обвинители да избере еден од десетмнината помошници на Катица Јанева од СЈО.
„Кога прашавме – а кој ќе ја гони Јанева за ‘Рекет’, Заев рече дека тој предмет си останува таму каде што е. Ова значи дека новото обвинителство би се занимавало само со корупција на избрани високи функционери од власта, но само за нови предмети. Тоа значи дека ‘Глобал’, ‘Поткуп’, ‘Рекет’, а понатаму ќе има и рекет 2, 3, 4, нема да бидат гонети од страна на ова обвинителство. Ние со тоа не се согласуваме и затоа преговорите пропаднаа“, рече Мицкоски.
Тој рече дека не гледа никаква правна пречка предметите, но и истрагите и предистрагите од СЈО да се пренесат во Јавното обвинителство на Љубомир Јовески. Според Мицкоски, Заев се обидува да надомести и да се обиде да го контролира обвинителството и да ја заштити фамилијата од криминалот.
„Беше блед како крпа. Тој сака да го контролира обвинителството за да не одговара за ‘Рекет’, рекет 2, рекет 3 рекет 4 и да не се стигне до Кирацовски и Ременски. Планот му беше да не се постигне договор“, рече Мицкоски, но сепак остави отворен простор понатаму да се разговара на истата тема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.
Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

