Македонија
Мицкоски: Последниот избор на судии во Апелација се грчевити обиди на власта да постави уште по некој партизиран судија или обвинител за да обезбеди амнестија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на отворањето на Генералното собрание на подмладокот на Европската Народна Партија (ЕПП) во Скопје, беше прашан за коментар за новиот избор на судии во Апелацискиот суд, поради што може да се дојде до застарување на судски предмети.
Мицкоски истакна дека тоа се последни грчевити обиди на власта да се постават уште некој партизиран судија и обвинител, мислејќи дека на тој начин ќе си обезбедат амнестија и неказнивост за криминалот кој што до сега го направиле.
„Тоа е октроирано обвинителство и судство. Oва се последни грчевити обиди да се постават уште по некој партизиран обвинител и судија мислејќи дека заедно со измените во Кривичниот законик ќе обезбедат амнестија и политичка неказнивост за сиот криминал и злодела што ги направија овие шест години. Но залудно е сето тоа, залудни се овие обиди на оваа власт во заминување, бидејќи следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на правото, исто така, го става како еден од главните, ако не и најглавен врвен приоритет во работењето“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски-Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
„Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ“, рече Мицкоски.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за шверцување најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и шверцување разновидна комерцијална стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра од превоз организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската Унија.
Македонија
Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот
Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и со новата француска експертка за ЕУ-интеграции, Миа Матковиќ.
„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Почнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на планот за раст на Европската комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа“.
На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.
Средбата имаше цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ-интеграции, која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.