Економија
Мицкоски: По зголемувањето на даноците и пресметката со пазарџиите, Заев удира и по пензионерите
Зоран Заев и Владата ќе кратат пензии. Владата по зголемувањето на даноците и зголемените давачки за граѓаните, за земјоделците, трговците, по ударот на пазарџиите, сега удира и по пензионерите кратејќи им од пензиите, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Две години се на власт и нема зголемување на пензии, нема растење. Но сега владата на Зоран Заев со законски измени во однос на усогласувањето на пензиите ќе крати од нив. Имено, согласно со законот секоја година на пензионерите им следува минимално законско усогласување по што пензиите растеа за одреден процент. Сега оваа влада со законски измени го крати тој процент, односно практично крати од пензиите. Пензиите повеќе нема да растат како последица на просечно исплатената нето-плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Со ова уште еднаш се потврдува шарената лага на Зоран Заев и оваа влада за реформи во економијата и воведување на таканаречената минимална исплатена нето-плата за вработен бидејќи гледаме дека буџетот не може да го следи исплатувањето на пензиите во Република Македонија“, вели Мицкоски.
Според него, тоа сега се укинува и се анулира и така ќе се крати од пензиите. А, како што вели, се работи за 300 илјади граѓани кои ќе бидат оштетени.
„Кратењето на пензиите и врвот на неспособноста на владата.
Пред изборите ветуваа зголемување секоја година, но денес имаме практично кратење. Тоа е нечесен однос кон оваа категорија граѓани, на кои им е важен секој денар. Останува дилемата дали кратењето на пензиите е покритие за криминалите што се одвиваат во сите пори во општеството?
Пензионерите ова не го заслужуваат. Оваа влада треба да си замине веднаш. А пензионерите заслужуваат достоинствен и мирен живот“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска – Филипиду: во фокусот гасниот интерконектор и енергетскиот пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење.
Двете соговорнички ја истакнаа важноста на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе придонесе за енергетска стабилност и диверзификација на изворите на енергија во регионот. Божиновска нагласи дека овој проект е од стратешко значење за земјата и ќе овозможи поефикасно снабдување со природен гас.
Дополнително, беше разговарано за иницијативите за пазарно поврзување (market coupling) со Грција, со цел интеграција на македонскиот електроенергетски пазар во единствениот европски пазар. Министерката информираше дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) го воведе еврото како трговска валута во првиот квартал на 2025 година, што е клучен чекор кон оваа интеграција.
Амбасадорката Филипиду ја потенцираше потребата од зајакнување на соработката меѓу берзите на двете земји, што ќе донесе значителни придобивки за економиите на двете земји и за целиот регион.
На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката во енергетскиот сектор.
Економија
Од утре пониски цени на бензините и на дизелот
Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), поевтинуваат за 1,50 ден/лит, во 30.01.2025 година и со тоа, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 44,672 ден/кг.
Економија
Големи заштеди во „Нептун оутлет“, понуда до 9 февруари!
Најголемиот малопродажен ланец за електроника и апарати за домаќинство, НЕПТУН, ја најавува својата ексклузивна ОУТЛЕТ акција, достапна само до 9-ти февруари! Оваа кампања носи неверојатни попусти и големи заштеди на широка палета на производи од врвни брендови. Достапно во сите продавници на НЕПТУН и онлајн на www.neptun.mk.Побрзајте да ја искористите оваа ексклузивна шанса за паметен шопинг. Ајде, време е за OUTLET заштеди во НЕПТУН!
ПР