Македонија
Мицкоски на средби со партиските членови и симпатизери во Куманово
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, каде што оствари средба со голем број членови и симпатизери на партијата.
Мицкоски пред присутните истакна дека во моментот граѓаните се соочуваат со голем притисок и уцени од страна на актуелното раководство на Владата на СДСМ и Заев нарекувајќи ја непотистичка и криминална влада. Според него, нервозата кај Зоран Заев е поради стравот од губење на претседателските избори, кои ќе се одржат на 21 април.
„Од 21 април и формално почнува одбројувањето кога Зоран Заев, практично и СДСМ, ќе замине во политичката историја. Затоа, на 21 април ни е од исклучително значење за да можеме да ја вратиме Македонија онаму каде што припаѓа, а тоа е на вистинскиот колосек, а не на колосекот што ја движи државата во бездна“, вели претседателот Мицкоски.
Според него, целосен крах се случува не само на политички план туку и на економски потенцирајќи дека, за жал, граѓаните живеат во беда и сиромаштија поради неспособноста на криминалната влада на Заев и СДСМ. Претседателот Мицкоски рече дека со победа на претседателските избори, ќе се отвори патот ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени парламентарни избори, каде што пред граѓаните нема да ветуваат брда и долини, туку реални проекти што ќе ги решат проблемите на граѓаните.
„Нема, од една страна, да ги зголемуваме даноците, а од друга, да креираме лажна надеж меѓу нашите граѓани дека само што не дошол еден голем германски гигант да инвестира во Македонија. Не доаѓа тој со зголемени даноци. Нема да шетаме и да ги газиме дебелите килими по светските метрополи на балови, додека народот во државата едвај први со први скрпува. Немаме фирми, немаме семејни бизниси, немаме октоподи во рамките на семејството, имаме желба како Македонија да ја направиме честита, принципиелна, искрена и држава што ќе се темели на вредности. Тоа е нашиот завет пред луѓето“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

