Македонија
(Видео) Мијалков: Ако одлучи Апелација, ќе ја одлежам казната во затвор
Ако одлучи Апелација, ќе ја одлежам казната во затвор, рече поранешниот шеф на тајната слушна, Сашо Мијалков. Судот денеска го осуди Мијалков на три години затвор за случајот ,,Титаник 2″.
Тој во говорот пред судот за предлогот да му биде изречен притвор, по пресудата рече дека со ниеден гест досега не покажал дека мисли да бега.
„Со бегање не се решаваат проблемите. Стилот на моето живеење не е бегањето. Ако одлучи Апелација, јас ќе ја одлежам казната”, рече ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Тој кажа дека тврдењата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, дека има опасност да избега без доказ и аргумент, се шпекулации и празни флоскули.
Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука за барањето.
Претходно судот го осуди на три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

