Македонија
Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам
Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности и веќе ми беше предложена мерка притвор, а овој суд не ги прифати и ми определи други мерки, кои јас во изминатата една и пол година ги почитував.
Тогаш пред овој суд дадов збор дека нема да помислам на бегство. Поминаа речиси две години и такво нешто нема. Јас на тој збор и денес стојам, рече ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој по изрекувањето на тригодишната казна затвор за случајот „Титаник 2“, по барање на Обвинителството, му беше изречен и притвор до издржување на казната.
Бранителите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, на денешната јавна седница на Апелациониот суд ја образложуваа жалбата за одредениот притвор за Мијалков. Тие истакнаа дека притворот што е изречен за Мијалков е незаконски и неоснован, односно дека од страна на Обвинителството во барањето за притвор не биле изнесени никакви докази што укажуваат на можноста Сашо Мијалков да се даде во бегство.
Апелациониот суд по разгледување на изнесените наоди, најверојатно, во текот на наредната недела ќе донесе одлука дали Мијалков до правосилност на пресудата ќе се брани од слобода или ќе остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

