Македонија
Младиот Леонид Индов од Виена донесен во Скопје со транспорт организиран на барање на родителите
Вчера доцна попладне беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од татко му беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи за воздухопловен транспорт.
Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема во согласност со можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени.
„Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал од Виена, Австрија, до Скопје, Република Северна Македонија.
Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
Транспортот со хеликоптер се оствари во согласност со договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на 6 февруари 2024 година од Скопје за транспорт на конкретното болно лице Леонид до клиниката во Виена, Австрија, на лекување“, соопштуваат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

