Македонија
МНР апелира за воздржаност од предвремени квалификации за нападот врз претседателот на бугарското здружение во Струга
Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации сѐ до целосно расчистување на случајот со вчерашниот напад врз претседателот на бугарското здружение во Струга.
„Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Северна Македонија, Б. К. од Лабуниште, во текот на вечерните часови, извршен е службен разговор со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, по што е известен јавниот обвинител.
Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правните загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница.
Ги повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно да ги процесираат во согласност со законската регулатива“, соопшти МНР.
Бугарското министерство за надворешни работи синоќа објави дека добиле информација за напад извршен вчера врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување
Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари,просечната плата на медицинските сестри со средно образование е 31.934 денари, а најниска плата во здравството е 21.158 денари.
Овие податоци денеска ги соопшти Фондот за здравствено осигирување. Од таму истакнуваат дека платите во здравството не растат само номинално туку и реално и дека во март е планирано ново покачување.
„Во јавноста се создаваат перцепции дека властите се спротивставуваат на зголемувањето на минималната плата. Сепак, примерот на здравството јасно покажува дека здравствените власти не само што не се пречка, туку активно го поддржуваат зголемувањето на платите во јавното здравство. Најниската основна плата во јавното здравство во 2025 година изнесува 27.158 денари нето и во однос на 2023 година бележи номинално зголемување од 22,2%, додека реалното зголемување изнесува 13,4%. Тоа значи дека растот на оваа плата е за толку повисок од инфлацијата во истиот период. Најниската плата во јавното здравство е за 11,4% повисока од минималната плата во државата. Основната нето плата за медицинските сестри со средна стручна спрема (ССС), согласно гранковиот колективен договор, во 2025 година изнесува 31.934 денари. Во однос на 2023 година, номиналното зголемување изнесува 24,5%, додека реалното зголемување е 15,6%“, соопшти ФЗОМ.
Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари. Во однос на 2023 година, номиналното зголемување изнесува 15,8%, додека реалното зголемување е 7,5%. Во 2025 година, оваа плата е за околу 9,5% повисока од просечната нето плата во целокупната економија на земјата.
Според ФЗОМ, овие податоци јасно укажуваат дека платите во здравството не растат само номинално, туку и реално.
„Со постигнатиот договор со репрезентативните синдикати, во март 2026 година е предвидено дополнително зголемување на платите во јавното здравство од најмалку 5%, согласно спогодбата од 2025 година која предвидува раст на платите од 5 до 7 проценти. Постои јасна и континуирана посветеност кон соодветно вреднување на трудот на здравствените работници“, велат од Фондот за здравствено осигурување.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.

