Македонија
Мобилна болница со 130 легла идната недела ќе биде поставена до Клиниката за инфективни болести

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција кажа дека во текот на следната недела ќе се постави објект до Клиниката за инфективни болести за да се зголеми капацитетот на легла.
„На почетокот на следната недела се очекува поставување на мобилната болница на просторот до инфективната клиника. Тука ќе бидат поставени објекти во кој ќе се сместат 130 кревети, со што капацитетот на клиниката ќе се дуплира. Ќе има соодветни тоалети и ходници преку кои ќе се комуницира со клиниката“, рече Филипче.
Болницата која ќе се постави до инфективната клиника ќе биде земена од Армијата.
„Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана. Целосно излегоа во пресрет луѓето од Армијата, понатаму Градот Скопје го обезбеди просторот каде ќе биде сместена. Сметаме дека треба да биде блиску до Инфективната клиника, за да има сува врска со неа, како и да можат вработените да ротираат. Секогаш се на располагање медицинските лица од другите клиники“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.