Македонија
МОН: Образовните установи да ги почитуваат препораките на Владата за заштеда на електрична енергија

Министерството за образование и наука постигна заштеда на електрична енергија од 35% во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна.
Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh.
Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година.
Одговорното однесување со кое се заштедува електрична енергија и притоа не се нарушува сервисната функција на институцијата кон граѓаните, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување глобалната економска и енергетска криза.
МОН апелира, владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите.
Штедењето на електричната енергија е еден од факторите кој особен во овие вонредни околности на функционирање влијаат на одржливоста на наставата во училниците, предавалните и амфитеатрите, а од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата.
Доаѓаат постудени денови и само со одговорно индивидуално и колективно однесување, а тоа значи уште поголеми напори за рационално користење на електричната енергија, ќе можеме да одговориме на предизвиците кои претстојат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.