Македонија
МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк
Студентите од втора и од повисоките години на студии, кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, а за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, поради остварување на правото како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн-платформа на Шпаркасе банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal, соопшти Министерството за образование и наука.
Потоа, како што појаснуваат од таму, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување договор за отворање посебна сметка и за подигнување наменска студентска виза-картичкa за субвенциониран оброк, преку која единствено ќе може да ги користат средствата.
Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите што ќе стекнат статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант, кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето, може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
„Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври“, се истакнува во соопштението на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





