Македонија
МРТВ нема нови долгови, само заостанати
МРТВ нема нови долгови,единствен проблем и се старите наследени долгови со кои се соочува со години, рече Снежана Клинчарова од Програмскиот совет на МРТВ на денешната комисиска распрва за финансискиот извештај за јавниот сервис. Клинчарова, одговарајќи на прашање од пратеник, додаде дека старите долгови ќе се сервисираат на рати со договор помеѓу сервисот и УЈП, при што не даде бројка за колкав заостанат долг станува збор.
„Знаете дека ова е стар проблем кој се провлекува со години.Тоа не се долгови од сега или од изминатата година.За жал се уште се соочуваме со старите наследени проблеми кои доспеваат за наплата. Но, сепак овој проблем го покриваме со договор со УЈП, за сукцесивно исплаќање, рече Клинчарова.
Клинчарова одговори и на прашањето зошто се намалил обемот на наплата на радиодифузната такса при што рече дека најголем проблем била негативната кампања и најавата за нејзино укинување.
„ Имаме 27 милиони денари помалку во касата, а причините се неколку.Прво, негативната кампања во која се повикуваа граѓаните да не ја плаќаат таксата затоа што ќе се укинувала. Потоа, ненавремена ажурираност на новите домаќинства.Ова појава е карактеристична за Општина Аеродром каде голем број брачни парови живеат на нови адреси, а не се регистрирани, додава Клинчарова.
Инаку во МТВ има 864 вработени лица, за 37 помалку во однос на претходната година.За намирување на плати за вработени се трошат околу 400 милиони денари годишно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

