Македонија
МТСП: Одржана првата седница на работната група, ќе се носат социјални мерки за пензионерите и нов закон за минимална пензија
Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија и пакет-мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
„Многу е важно при носењето на предлог-мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно“, истакна Тренчевска.
Посочи дека во фокусот на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија. Притоа потенцира дека ќе се користат анализи и информации подготвени од страните вклучени во работната група за кои ќе се дискутира, како и дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани.
Од страна на претседателката на работната група беше посочено дека работната група ќе работи интензивно со средби до двапати во неделата, со цел што побрзо носење предлог-мерки и законски решенија.
Работната група се согласи дека првин ќе се работи на носење соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постојното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.