Македонија
Муртезани – Туркменоглу: разгледани тековните и идните проекти во земјата
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу, на која беа разгледани тековните и идните проекти на банката во земјата, со главен фокус на заедничките развојни приоритети, а со цел напредување на економската агенда на државата.
Во тој контекст, значаен дел од дискусијата беше посветен на нацрт-реформската агенда во пресрет на предвидените средства од планот за раст на ЕУ за регионот, од кои речиси половина ќе бидат наменети за проекти во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Муртезани нагласи дека клучните реформи ќе се фокусираат на подобрување на енергетскиот и дигиталниот сектор, образованието, јавната администрација и владеењето на правото, со цел забрзување на имплементацијата на инвестициските проекти до 2027 година.
На состанокот, на кој учествуваше и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, беше потврдена усогласеноста на државата со приоритетите на актуелната стратегија на ЕБОР, која се фокусира на конкурентноста, регионалната интеграција и транзицијата кон зелена економија. Двете страни истакнаа дека овие цели се клучни за одржување на активната улога на земјата во глобалниот синџир на снабдување и за поддршка на националната конвергенција.
Муртезани го потенцира и придонесот на ЕБОР преку Климатскиот инвестициски фонд (CIF), кој ѝ помага на земјата во процесот на зелената и праведната транзиција, во намалувањето на зависноста од јаглен, обезбедувајќи обука за вработените и нивно подготвување за нови работни можности.
Беа разменети мислења и за соработката во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) изразувајќи заемно задоволство од тековната соработка во подготовката и имплементацијата на проекти со кои се поддржува развојот на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

