Македонија
Муцунски: Мицкоски ја има мојата целосна поддршка да ја предводи партијата до победа на следните избори
За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, борбата против лошото владеење на СДСМ, корупцијата, лошата економска состојба и криминалот во кој тоне државата е можна само со силна ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува одлучно и единствено како никогаш досега.
„Затоа што партијата не е еден поединец, ВМРО-ДПМНЕ е народот, членовите и сите граѓани на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е секој град, секое населено место и секоја општина од државата“, вели Муцунски и додава:
„Претседателот Христијан Мицкоски ја има целата поддршка и доверба од мене да ја предводи политичката партија која на следните парламентарни избори ќе освои најголем број пратеници и ќе ја формира иднината влада во Македонија. Нема и не смееме да губиме време за поделби, политичката битка против погубните политики на СДСМ бара лидерство, единство, истрајност и одлучност“, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

