Македонија
Наместо аматерски скечеви, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши, велат од СДСМ

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, велат од СДСМ.
„Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Како што истакнуваат, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни скечеви на границите, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши и да го повикаат нивниот министер да си ја работи работата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова: Поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води кои го загрозуваат здравјето на граѓаните

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина.
Таа на терен посочи една од локациите на одвод од отпадни води што истекуваат во Вардар.
„Од ова место се гледа кој ги блокира проектите за почисто Скопје и кој не го штити здравјето на граѓаните. Пречистителната станица во Трубарево, вредна 196 милиони евра, обезбедени од Владата на СДСМ со 68 милиони евра грант, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска тапка во место и нема никаква отчетност и транспарентност,“ рече Шукова.
Таа нагласи дека овој проект е стратешка мисија за Скопје и лично прашање на одговорност. Во својата програма Шукова најави три клучни чекори: Завршување на првата фаза – поставување на основните системи за прочистување на отпадните води и отпочнување на реалниот процес на третман.
Втора напредна фаза – усогласување со европските стандарди и обезбедување капацитет за третман на отпадни води за 650.000 жители.
Одржливост и повторна употреба – 90% од третираната вода ќе може повторно да се користи, што е клучно во услови на климатски промени и раст на урбаното население“.
Според неа, наместо скандали, кавги и партиски интереси, граѓаните заслужуваат модерен систем што ќе го намали загадувањето на Вардар и ќе обезбеди подобар живот за сите. Време е, додаде таа, Скопје да тргне напред, зелено, европски и чесно.
Македонија
(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамките на работната посета на Париз, Франција.
Филипче посочи дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Македонија.
Притоа нагласи дека СДСМ веќе работи на поактивен пристап, а тоа значи конкретни решенија и иницијативи за деблокирање на процесот.
„Во финална фаза е подготовката на резолуцијата, која ќе биде вин-вин решение за државата и за граѓаните. Со оваа резолуција ќе понудиме национален механизам за справување со евентуални непринципиелни барања од Бугарија во текот на преговорите ако тие на кој било начин излегуваат од преговарачката рамка“, рече Филипче.
Тој додаде дека македонскиот јазик, културата и идентитетот, како темелни вредности, веќе се заштитени во повеќе европски документи и со самата рамка.
„Со носењето резолуција со национален консензус ќе ги потврдиме овие позиции, но и ќе изградиме заеднички став како да ги заштитиме и во домашните институции. Со овој документ ќе обезбедиме јасна временска рамка за следните чекори и за реформите како конечно деблокирање на европскиот пат“, изјави Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека сега е време за политичка зрелост и заедничка одговорност за напредокот на државата.
„Ова е време за политичка зрелост и за заедничка одговорност. СДСМ е подготвен да поведе со поактивен пристап и со решенија што ќе ја придвижат Македонија напред, кон Европската Унија. Македонија мора да продолжи по европскиот пат, кој гарантира развој, стабилност и сигурна иднина на македонските граѓани”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
За време на посетата Филипче оствари работни средби со француските политички претставници од Генералниот секретаријат за европски прашања, Министерството за Европа и надворешни работи и од француското собрание.
Македонија
(Видео) Јанковиќ: Власта на тендер купува целосна сценографија, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.
Тој вели дека иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има најмалку.
„Со тендерот всушност власта купува скапа опрема за промоција и организирање на настани: озвучување, микрофони, видео ѕидови, шатори, дрон, камери, дим-машини, светлосни ефекти…. Со еден збор, целосна сценографија за кампања. Дали граѓаните со народни пари ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори? Оваа злоупотреба на народни пари мора веднаш да запре. Бараме итно поништување на овој договор и одговорност од сите инволвирани“, рече Јанковиќ.
Тој додаде дека СДСМ бара итна реакција на Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство.
„Ова е класичен пример за предизборна злоупотреба на институциите и парите на граѓаните и мора да има одговорност. Наместо пари за поголеми плати, за подобрување на животниот стандард на граѓаните владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски расфрла милиони евра само за нивни партиски интереси“, рече Јанковиќ.