Македонија
Најголем е притисокот во Тетово, каде што се хоспитализирани 110 луѓе

Во земјава се хоспитализирани околу 700 пациенти пациенти со Ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека најголем е притисокот во Тетово, каде што се хоспитализирани околу 110 лица, а околу 90 се хоспитализирани во Гостивар. Повеќе од 35 хоспитализирани пациенти има во Струга, 40 во Кичево.
Според Филипче, засега функционирањето на здравствениот систем не е доведен во прашање и дека може да се справи со нов наплив на пациенти.
Во однос на тоа од кои причини на лицата кои ја прележале болеста и имаат антитела не им е дозволен влез во молови и угостителски објекти 45 дена по прележувањето, Филипче одговори:
„Тоа што сакаме да постигнеме со нашата мерка, дури и по прележувањето на болеста, луѓето што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Не секој пациент реагира еднакво, не секој развива еднакво антитела. Затоа, со оваа мерка сакаме да постигнеме две работи – граѓаните да развијат подолготраен имунитет, а здравствениот систем да се заштити од следни бранови“, изјави Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утрово ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево и потопло

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11 до 13 часот, корисниците од викенд населба село Кучково, општина Ѓорче Петров.