Македонија
На Богородица и Табановце за влез и излез од земјава се чека 30-ина минути
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен привремен режим на сообраќај, со кој се забранува движење тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17 до 22 часот,
– сабота од 9 до 18 часот и
– недела од 9 до 22 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, и тоа во следните интервали:
– петок од 15 до 22 часот,
– сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и
– недела од 7 до 22 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце за влез и излез од земјата се чека 30-ина минути, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува приспособна брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на електронската пошта, од името на ФЗО.
Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.
Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР.
Фондот веќе го пријави случајот во МВР.
Македонија
Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оценува дека природата овие денови направи Скопје да не е на врвот на листата на најзагадени градови.
И ова според него, не е од денеска туку е од поодамна.
Меџити како што нагласи, сака повеќе да се занимава со причините отколку со последиците за овој случај.
„Главен фактор е тоа што индивидуалните домувања се греат на се и сешто, не по нивна вина туку дека досега не сме им овозможиле. Во овој дел сакаме да го вратиме проектот за гасификација и да го тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето. Второ да го субвенционираме централното греење, односно луѓето да почнат да се враќаат на централното греење бидејќи тоа е уште почисто од гасификацијата“, нагласи министерот за животна средина Меџити.
Според него, главниот фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт и затоа, како што најави, утре ќе се донираат шест електрични автобуси на Град Скопје односно на ЈСП, на кои како што потсети, деновиве Владата им помогна со позајмување на нафта за да бидат во функција.
„Деновиве разговараме и пред одлука сме Владата да купи 120 електирчни автобуси кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт по општините, посебно во урбаните средини. Има одлука и акционен план од Владата од сите сектори се превземаат мерки, но јас сум повеќе за тоа да се елиминираат причините“, потенцира Меџити.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, на маргините на годишната конференција „Медитерански дијалог“ што се одржува во Рим.
Во година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, денешната средба ги потврдува одличните билатерални односи и ја истакнува заедничката подготвеност за нивно натамошно зајакнување.
Двајцата министри разговараа за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво и за продлабочување на економската и меѓусекторската соработка, во оваа насока за 2025 година беше најавено организирање бизнис форум со компании од двете држави.
Муцунски изрази благодарност за поддршката од Египет за кандидатурата на државата за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, притоа беше истакната одличната досегашна соработка во рамки на мултилатералните организации.