Македонија
На „Дрисла“ уништен путерот со изминат рок
Запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од речиси 4,5 тони, денеска е уништен на депонијата „Дрисла“.
![]()
Директорот на АХВ, Бабовски изјави дека станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар на АХВ, како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата, за која со контролите е утврдено дека манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, со рокот на употреба, која путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање на храна од животинско потекло.
„ Во приложената документација, со двонеделните контроли утврдено е дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури каде се наведувало дека производот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани туку се складирани во магацинот на млекарницата. Операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје не е одобрен за солење на путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер, мора да се продава како свеж и не смее да се замрзнува по складови и ладилници на – 18 степени Целзиусови – изјави Бабовски.
![]()
Контролите во комората за готов производ на млекарницата, објасни тој, започнале на почетокот на менесецов откако претходно била вратена од промет една канта солен путер од 5 килограми. Со контролата пронајдени биле уште 17 канти од по 5 килограми солен путер, сите без декларација.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, вчера побара целосна истрага и одговорност за запленетиот путер со поминат рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

