Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 99 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според извештаите на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 15 пациенти, во Прилеп 6, во ковид-центарот во Гостивар 4, а во Струга78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид-центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти, соопшти МЗ.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, додаваат од оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ, општина Аеродром;
– Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.