Македонија
На Маричиќ не му е чудно што Груби ќе координира изградба на автопат: Има многу работа
За вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, не е чудно што неговиот колега Артан Груби доби трета функција, и тоа координатор на Коридорот 8. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејства, Маричиќ посочи дека за тоа треба да кажат Обвинителството и антикорупциската.
„Тоа што Владата одлучи Груби да биде координатор на овие активности, значи дека има потреба од посилна координација затоа што има надлежности што припаѓаат на Министерството за транспорт и врски и тие се многубројни и никој не ги одзема. Напротив, ќе ги спроведува Министерството за транспорт и врски. Но, има многу процедури и акции што треба да се преземат во однос на меѓусебна комуникација на институциите, дозволи, процес на експропријација, има многу работа во тој проект. И затоа еден од вицепремиерите е задолжен да го следи спроведувањето и да биде еден вид надзор и поддршка на тој процес. Не е првпат, ниту е нешто чудно“, рече Маричиќ.
Тој додаде дека Груби со Груби вклучила екстра напор за спроведување на проектот.
„Коридорот 8 е најважниот проект на оваа Влада. Затоа мислам дека сите членови на Владата од свој аспект треба да бидат вклучени. Така што, за тоа што го споменавте ‘евентуални коруптивни дејства’, за тоа има институции. Антикорупциската, Обвинителството – треба да кажат. За Владата, ова е најважниот инфраструктурен проект“, рече Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

