Контакт

Македонија

На предлог на Герасимовски посебна комисија во ЗЕЛС ќе работи на иницијативата за конфискација на дивоградби

Објавено пред

На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на вчерашната седница на ЗЕЛС беше формирана посебна комисија, која ќе работи на имплементирање на иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во ново законско решение.

dobivaj vesti na viber

„Прифаќањето на предлогот и во истиот момент формирање комисија е силен показател за потребата за имплементирање за иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во законско решение. Воедно, ова покажува колку е голем и сериозен проблемот со бесправното градење и узурпирање и присвојување на државното земјиште во сите општини, во целата држава. Им се заблагодарувам на колегите градоначалници на ЗЕЛС, кои даваат силна поддршка за конечно заедно да ставиме крај на неконтролираното градење“, изјави вчера Герасимовски.

Според градоначалникот Герасимовски, комисијата, која ќе ги иницира измените и дополнувањата на законите под кои спаѓа иницијативата, се формира во вистинско време затоа што законите што треба да претрпат измени и дополнувања веќе се влезени во собраниска процедура.

Целта на преточување на иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во закон има цел да ги реупотреби објектите за потребите на граѓаните. Герасимовски смета дека законско решение за оваа иницијатива би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби.

 

Скопје

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои ветуваа нови еко автобуси пред скопјани веќе две години не го исполнуваат ветеното

Објавено пред

„Пред советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани треба да се заменат со нови, а советниците на ВМРО ДПМНЕ кои ветуваа нови еко автобуси пред скопјани веќе две години не го исполнуваат ветеното“, велат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да се охрабрат да гласаат за реализација на ветувањата кои ги имаат дадено за нови еколошки автобуси, на секоја седница им предлага банката која ќе го финансира проектот како и условите за набавка да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука можат единствено тие да ја донесат и да се помогне скопјани да не чекаат ни минута повеќе на автобуските станици.

За унапредувањето на линискиот превоз на патници, да се обезбеди ефикасен и еколошки превоз кој нема да загадува, неопходно е редовно обновување на автобусите, а досега според програмата требаше да се набавува секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години не ја гласаат одлуката. Иако е доставена одлука за нови автобуси за следната седница, Претседателот на Совет Трајко Славески спротивно на деловникот и статутот, воопшто не ја става точката на дневен ред за гласање со што го зголемува незадоволството на скопјани поради дотрајаните автобуси. Единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје и од кои зависи дали ќе има нови еко автобуси и подобар превоз.

Со реформирање на автобускиот превоз и сукцесивно обновување на возниот парк на ЈСП Скопје со нови еколошки автобуси, ќе се реши проблемот за кој граѓаните постојано се жалат за нередовни автобуси, но нивните реакции нема кој да ги слушне бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје, не гласаат за набавка иако тоа го ветуваа пред граѓаните на локалните изборите во 2021 година.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која лично континуирано изјавува дека ја поддржува“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Објавено пред

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, извести ЦУК.

dobivaj vesti na viber

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,29%, а 36,71% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,06%, кон Итната медицинска помош 25,14%, а кон пожарникарите 5,87%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 811 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (8,94%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (36,71%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

dobivaj vesti na viber

Регистрирани се 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај село Раштак; Сарај, кај село Кондово; Сопиште кај село Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај село Стровја; Долнени, кај село Дебреште; Валандово, кај село Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај фабриката Муневре; Велес во Индустриска зона и во општина Свети Николе кај село Малино.

Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.

Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и 6 ПП возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два стари (напуштени) воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монте Негро“. Зафатена била површина од 10 хектари на ниска вегетација. Заради силниот ветар постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуацијата, за ако е потребна помош да ја координира од други градови, но пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот што заради силниот ветер беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари.

Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе од 17.07 до 19.46 со девет пожарникари и четири противпожарни возила, интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ2 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија3 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа3 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет3 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион3 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион20 часа

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија20 часа

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија22 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...