Македонија
ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост, по повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Присутен не е ниту екс-премиерот и почесен претседател, Никола Груевски.
Со овации беше пречекан лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој влезе во салата додека се интонираше партиската химна.
Мицкоски ќе биде единствениот кој ќе се обрати на свеченоста.
Прославата се случува еден ден по синоќешниот состанок на Централниот комитет кој предложи од партијата да бидат исклучени ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров оти ги убедувале пратениците да гласаат за промена на Уставот, предвидена со Преспанскиот договор. Од функцијата потпретседател на партијата беше разрешен и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, како и членот на извршниот комитет Костадин Богданов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.