Контакт

Македонија

Негативeн, дрзок и безобразен, конфликтен, слаб практичар… Како се избираат јавни обвинители?

Објавено пред

Советот на јавните обвинители на новата веб-страница како чекор кон транспарентно работење и подобрување на ниската доверба кај грaѓаните ги постави записниците од седниците кои се одржале во 2017 и 2018 година. Во дел од нив може да се забележи дека членовите на Советот разговарале за карактерните особини на кандидатите, а многу малку за професионалните квалификации на кандидатите за обвинители и постигнатите резултати. Се дискутирало за јавниот настап на кандидатите на телевизиите, учеството на семинари и личниот впечаток на членовите.

dobivaj vesti na viber

Така на пример, на седницата од 1 ноември 2017 година, 8 члена на Советот, дискутирале за избор на државниот јавен обвинител. Она што е воочливо од записникот објавен на веб-страницата на Советот се  дискусиите за кандидатите. За кандидатите Лорија Ваневска и Симон Кузманов никој од членовите не зел збор, но сите едногласно, без обраложение дале негативно мислење за овие кандидати.

Кога на ред дошла кандидатурата на адвокатот Звонко Давидовиќ, членката на Советот, Фиданка Рајевска рекла дека Давидовиќ многу се рекламирал во јавните настапи. Во записникот од 1.11.2017 пишува: „Г-ѓа Фиданка Рајевска истакна дека во изминатите неколку месеци лицето се рекламирало себеси во голема мера на јавни настапи, со што смета дека повеќе си направило штета отколку што му било во полза. Претседателот на Советот г. Коле Штерјев истакна дека кандидатот има познавање во кривичната материја и дека по природа не е таков каков што е на телевизискитe настапи“.

На истата седница, ВД јавната обвинителка Лилјана Спасоска, кажала дека адвокатот Еленко Миланов е изграден правник, но констатирала оти адвокати не треба да бидат јавни обвинители „од причина што немале заедничко со јавнообвинителската работа“.

За судијата Лазар Нанев, Фиданка Рајевска истакнала дека кандидатот го познава од семинари, ги разбирал работите теоретски, но оценила дека во праксата бил „осреден“. Лилјана Спасоска кажала дека кандидатот е повеќе тавтолог отколку практичар. Штерјев констатирал дека Нанев е неелоквентен и дека како судија не би се снашол на функцијата за која конкурира.

За обвинителката Лидија Раичевиќ, која конкурирала на огласот за државен јавен обвинител, Деса Пауновска истакнала дека кандидатката како оратор е одлична, но како практичар не ги исполнувала условите. „Воедно истакна дека има лошо однесување и е без почит кон колегите“, пишува во записникот. „Фиданка Рајевска истакна дека кандидатката е елоквентна, но без содржина, слаб практичар. Лилјана Спасоска се сложила со колешките и посочила неколку примери како Раичевиќ постапувала по кривични предмети. Коле Штерјев истакна дека „јавни обвинители кои требало да ја оценат нејзината работа бегале само да не ја оценат“.

За адвокатот Александар Тортевски, Фиданка Рајевска истакнала дека е добар правник, но дека „не е тип што би градел меѓучовечки односи“. Во записникот пишува: „Претседателот на Советот г-дин Коле Штерјев се сложи со колешката Фиданка Рајевска во врска со кандидатот дека како правник е елоквентен и дека тука нема никакви дилеми. Но истакна дека во судница бил дрзок и безобразен, посочувајќи неколку негови однесувања по кривични предмети. Петар Аневски истакна дека кандидатот е конфликтна личност, а ако најде простор навредува, додека како кривичар истакна дека е солиден и дека има познавање од кривично-правната материја“.

Оваа институција за време на претходната власт беше критикувана дека ја опструира работата на специјалното јавно обвинителство, а годинава предизвика реакции во јавноста кога претседателот, Коле Штерјев, гласал воздржано на седницата за избор на неговата внука за обвинителка во Обвинителството за органзииран криминал и корупција, и кога членката на Советот, Фиданка Рајевска, гласала воздржано при реизборот на обвинителка која го гонеше нејзиниот сопруг за перење пари. Штерјев оттогаш не одоговара на телефонските повици на „Макфакс“.

Американскиот амбасадор Џес Бејли, јавно посочи дека со таквите одлуки за избор на обвинители, македонската јавност загубила неколку грама доверба во правосудството. За овој случај поранешната членка на атикорупциската комисија констатира судир на интереси, но извештајот не може да се изгласа поради неколкумесечната блокада на ДКСК.

СЈОРМ со помош од ОБСЕ изготви и предлог-комуникациска стратегија за периодот 2018 – 2021 година за да ја зголеми довербата во јавноста.  Проценката на моменталната слика во јавноста за Советот на јавни обвинители била спроведена преку состаноци со членови на Советот и ОБСЕ, медиумите, правната и судската професија, граѓанското општество и општата јавност. Биле анализирани избор исечоци од весници, достапните податоци од јавното мислење и законодавството.

Ова тело кое ги избира и разрешува јавните обвинители, треба да ја осигура самостојноста на нивната функција и да оневозможи какво било влијание во јавното обвинителство.

СЈОРМ на седницата од 20 декември лани објави оглас за избор на јавни обвинители во Прилеп, Крива Паланка и Берово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Герасимовски: Со видео надзор, општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Објавено пред

Советот на Општина Центар на 35. Седница на советот го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во општина Центар да се постави видео надзор.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно Заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски настани, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи, корпи за отпадоци и други согласно законите), Заштита на инфраструктурните објекти (улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во надлежност на Општината), Заштита на сообраќајни знаци и семафори и друга вертикална и хоризонтална сигнализација, Заштита на улична јавна осветлување, броење и евиденција на возила за статистички мерења.

Герасимовски во образложението за дополнувањето на дневниот ред истакна дека одлуката е преземена и модифицирана од други општини во кои веќе неколку години има поставен видео надзор и каде по поставувањето има намалување на штетите во општината.

„Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината“, рече Герасимовски на седницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

dobivaj vesti na viber

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Скопје

Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден

Објавено пред

Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.

Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.

Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...