Македонија
Нема регистрирани позначајни нарушувања на безбедноста на капачите по должината на охридското и струшкото крајбрежје
Во текот на летната туристичка сезона, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, (езерската полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското Езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите по должината на охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од езерската полиција интервенираа во еден случај кога на малолетно лице ненадејно му се превртел кајакот по што безбедно го извлекоа малолетникот, при случај на појава на пожар во пловен објект, а успешно извлекоа пловен објект со повеќе лица, кој при лоши временски услови останал дефект во езерските води.
По преземените мерки според Законот за внатрешната пловидба, во периодот од 1.6.2024 до 31.8.2024 година откриени се 45 прекршоци и санкционирани се 29 сторители, откриени се 4 илегални преминувања на државната граница во езерските води на лица државјани на Р. Албанија, кои се затекнати при незаконит риболов во македонските територијални води. Против две лица поднесени се кривични пријави за кривично дело незаконит риболов. Во истиот период пронајден и привремено се одземени вкупно 132 рибарски мрежи, со вкупна должина од 12.820 метри со 2.050 парчиња риба – пастрмка, белвица, крап и други видови. Акцент беше ставен и на превентивното работење со реализација на повеќе превентивни кампањи од проектот „Безбедно лето“, при што често се вршеше предупредувања на лицата што управуваа пловни објекти да не се движат во зоната на капачи, односно да се движат на оддалеченост од најмалку 300 метри од брегот на езерото, што е предвидено во чл. 13 од Законот за внатрешната пловидба. Во рамките на кампањата „Како против топлотниот бран“, полициски службеници и волонтери од Црвениот крст патролираа со полициски пловни објекти и остваруваа средба со лица што пловеа по езерото, им делеа вода, летоци со едукативна содржина и преку разговори ги потсетуваа за најзначајните потреби за успешна заштита од силното сонце и високите температури.
Пполициските службеници мерките ги спроведуваа самостојно и заеднички со други организациски единици од МВР, Капетанијата на пристаништата – Oхрид, Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и Црвениот крст“, велат од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари
Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток.
З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.
Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.
Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања.
Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност.
Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.

