Македонија
Не знаеме со кој образ повторно ќе излезе Пендаровски на избори да ја бара довербата од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски пред да го изберат за претседател говореше дека имал обичај да го слуша народот, оти од народот сакал да чуе што треба да се прави. Но Стево не би бил Стево ако сам себе не се демантира или ако не прави обратно од тоа што го кажува. Откако стапи на функцијата претседател тој заборави да го слуша народот, па уште и отиде до таму што почна арогантно да му наредува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено тој јавно кажа дека ги игнорира сигналите од електоратот, и посочи дека функционерите меѓу кои и тој самиот треба да му кажуваат на народот и не треба да се прашуваат граѓаните. Ова скандалозно гледиште на Пендаровски говори за неговиот демократски капацитет, но во исто време и за хипокризијата. Само не знаеме со кој образ сега повторно ќе излезе на избори да ја бара довербата од граѓаните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според нив, Пендаровски со ваквите изјави го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет.
„Тој во исто време со своите политики и однесување го погази достоинството на народот и на Македонија. Време е за промени“, завршуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)