Македонија
Не се дозволува расправа за Законот за игри на среќа и се крие криминалот на ДУИ, вели Стојаноски
Бојан Стојаноски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека по вчерашната најава на првиот вицепремиер Артан Груби денеска во Собранието почна финалната раелизација на носењето на Законот на игри на среќа, секако по третиот ден на расправата на Комисијата за европски прашања.
„Закажана на само еден час пред да започне официјално и покрај тоа што има многумина пратеници кои што не се од главниот град. Започна и рекордно заврши по само десет минути откако беше започната со работа таа комисија. Три дена трае расправата на оваа комисија, а вкупно не се има работено повеќе од еден час што е спротивно на сите деловнички одредби и што претставува еклатантно кршење на собранискиот Деловник“, вели Стојаноски.
Според него со ова се ускратува можноста за јавна и собраниска расправа за да се скрие криминалот и скандалот кој што е содржан во овој закон.
„Имено како што кажав да потсетам на три моменти кои што се многу спорни. Тоа е што со овој закон се дозволува мултиплицирање на лиценците каде што ќе можат безброј компании да отвараат безброј места каде што ќе може да се приредуваат игри на среќа, каде што се дозволува онлајн коцкање на веќе однапред познати компании и каде што Министерството за финансии ќе треба да дава потврда во кои простории ќе треба да се организираат игрите на среќа. Скандалозното е што сите овие три инстанци ги врзува една политичка партија, а тоа е ДУИ. Бегаат од расправа и за компромисно прифатливи амандмани од повеќе пратенички групи кои што би биле прифатени доколку би имале расправа и од пратениците кои што доаѓаат од мнозинството и од опозицијата“, истакнува Стојаноски.
Како што додава, министерот за финансии кој што е предложен од ДУИ денеска го одби амандманот, а претседателот на комисијата ја прекина комисијата пред да можат пратениците да се изјаснат дали тој амандман е прифатлив или е неприфатлив.
„Повторно како што кажувам, еклатантно и досега невидено прекршување на собранискиот Деловник. Насилнички и противделовнички и историско невидено насилие, почитувани граѓани се случува во Собранието. Боксовите од М-НАВ сега се заменети со прекршување на собранискиот Деловник и со самоволието во одлучувањето на работата на ова собраниско тело. Она кое што треба граѓаните да го знаат е дека овој закон бил изгласан на седница на Влада со која што претседавал Артан Груби од ДУИ, предлагач е Министерството за финансии чии министер е исто така од ДУИ, треба да го донесе собраниската Комисија за европски прашања предводена од ДУИ и на крај треба да го имплементира Дежавната лотариј исто така раководена од кадар на ДУИ со што се случува целосна партизација на овој сектор“, посочува тој и потенцира:
“Ние денеска како пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ испративме писмо до сите амбасади во Република Македонија со кое што побаравме амбасадорите одблиску да го следат носењето и импементирањето на овој закон и прекршувањето на сите деловнички норми. Овој скандал не смее да помине незабележително и токму затоа го бараме целото внимание и од граѓаните, невладините организации, политичките партии и претставниците на странските држави за да видат како во Македонија е возможно Комисјата за европски прашања да биде параван за легализирање на криминал и злоупотреба. Со овој начин на работа ДУИ го руинира угледот на Собранието на Република Македонија, угледот на Република Македонија и ја искривува перцепцијата која што граѓаните ја имаат за Европската Унија злоупотребувајќи ја Комисијата за европски прашања знаменцето кое што е ставено на овој закон со цел деловнички побрзо да се протурка. Ова е невиден скандал и невиден срам и ги повикуваме сите да реагираат за ваквото насилие веднаш да престане, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот, кој бил пронајден со врзани раце, е згрижен.
Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица, било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.
Двајцата претходно со нож и огнено оружје го киднапирале Кајмакоски.
Српското МВР потенцира и дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите барале пари од пејачот.
Македонија
Јелиќ и Кајмакоски се разделиле околу два по полноќ пред клубот кадешто настапиле, потоа пејачот бил киднапиран
Пејачот Даниел Кајмакоски синоќа беше киднапиран на улицата Караѓорѓева во Белград, а драмата се случила пред клубот во кој настапувал. Нешто малку пред киднапирањето, со него бил Алекса Јелиќ, кој сега се огласи за „Блиц“.
Како што раскажа, вечерта била вообичаена и тие двајцата се разделиле по настапот.
„Настапувавме, но немам никакви информации, освен она што и вие го имате. Важно е дека човекот е жив, здрав, дека е како што треба. Тоа е најважно, а останатото не можам да го коментирам“ рече Алекса Јелиќ, а на прашањето дали се слушнале, додаде: „Не, се разделивме синоќа меѓу еден и пол и два часот и оттогаш не успеавме да се слушнеме“ наведе тој за „Блиц“.
Претодно со официјален допис се огласи Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски. Таа рече дека утрово разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.
Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.
Српските медуими во текот на денот објавија и видео од полициската потера, а разговараа и за мајката на Кајмакоски, која изјави дека е во шок.
Македонија
(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година
Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за нов договор меѓу Владата и синдикатите УПОЗ и САДУ, за кој Мицкоски оцени дека претставува историски момент, бидејќи, како што рече, никогаш досега немало толку јасен и временски прецизиран план за усогласување на платите и нивно достоинствено ниво.
„Ова е поширок пакет кој ќе ги опфати вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата – вкупно околу 11.000 луѓе. Договорот има рок до 2028 година и претставува целосна регулација на односите меѓу Владата и вработените во овие институции“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
Мицкоски најави дека паралелно ќе се работи и на нов општ колективен договор, во соработка со репрезентативните синдикати ССМ и КСС.

