Македонија
Ние ја набавивме целата опрема и успешно се справувавме со пожарите седум години, велат од СДСМ

Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација. Изминатите години Владата на СДСМ успешно и без помпа по медиумите секое лето ги менаџираше пожарите без да се загрози ниеден објект и со минимални штети, велат од СДСМ.
– Алиби соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покријат овие факти. За навременото делување со денови, задоцнетата реакција и целосното потфрлање во справувањето со пожарите одговорноста е кај Владата на Мицкоски и надлежните институции. Одговорност мора да има. Конечно, ВМРО-ДПМНЕ треба да земе и да работи, граѓаните за тоа ги избраа, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)