Контакт

Компании

Никоб лаб – за една година сме најбрзо растечка лабораторија во државата заради достапноста,квалитетот и услугите со најниски цени

Објавено пред

1 ГОДИНА НИКОБ ЛАБ, 1 ГОДИНА БРЗИ, ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ

dobivaj vesti na viber

– Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ што значи за вас како Генерален Директор на Никоб Лаб првиот едногодишен јубилеј и на што се должи што сте најбрзо растечка лабораторија?

Годината која измина, а во сегашната одбележуваме 1 година од основање на ПЗУ Никоб Лаб, посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани кои се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред се поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата на граѓаните и заедниците во оштеството. Најважното на кое што се должи брзиот развој е можноста која се овозможи за граѓаните за квалитетна услуга, а истата достапна со најниски цени, со што сериозно влијаеме на креирање како на јавното мислење така и на креирање на пазарната цена на чинење на овој вид на услуги.

Сето наведено се должи на основачот и сопственик на Никоб групацијата Г-н Кирил Лазаров, кој капитално инвестира во зајакнување на националниот здравствен системот со нов правен субјект ПЗУ Никоб Лаб со лабораториска дејност во однос на биохемиска и молекуларна дијагностика.

– Со што располага Никоб Лаб и кој вид на услуги ги обезбедувате?

Никоб Лаб според дејноста која ја обавува претставува лабораторија на секундарно ниво од интегрираниот здравствен систем од примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Лабораторијата на пазарот на здравствени услуги се претставува со широка палета на лабораториски услуги. Лабораториските услуги се достапни за корисниците во самата лабораторија но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина. Располагаме со повеќе од 25 мобилни тимови кои земаат теренски материјал, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин допринесуваме доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.

Во делот на биохемиските анализи располагаме со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања.

Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет. Согласно палетата на реагенси постигнуваме иследувања на сите системи, како во превентивни цели така и во дијагностички пакети.

Покрај простор и опрема според правилникот за основање на здравствена установа располагаме и со соодветен кадар на здравствени работници – 2 доктори специјалисти по медицинска биохемија , здравствени соработници- 4 биохемичари, 24 медицински лаборантии, 9 молекуларни биолози, 1 фармацевт, 80 административен и технички персонал, од кои 6 возачи и 74 административни работници. Сите вработени во тек на подготовка на установите поминаа задолжителни обуки соодветни за лабораториска апаратура. Изготвени упатства и протоколи за работа, современ и напреден софвтерски систем, со цел овозможување на квалитетна средина и најсовремени можности за работа. Интезивирање на тимска колегијална работна атмосфера со цел максимална ефикасност и продуктивност.

– Д-р Баевска Вучковиќ со Ковид-19 тестирање единстевни сте со констатно голем број прикажани тестирања во дневните извештаи, на што се должи?

Секако ги следиме актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија, према тоа пристапивме кон исполнување на условите за Ковид -19 тестирање со ПЦР тестови, брзи антигенски тестови како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела- RBD II генерација, како и биохемиски ковид и пост ковид-19 пакети . согласно исполнување на условите од 12.5.2021 година имаме решение за Ковид-19 тестирања и према тоа ја започнавме нашата оперативност и организациска поставеност.

Организациски стартувавме со пункт во Општина Кисела Вода каде сме лоцирани како база на лабораторијата и водени од достапност и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, обезбеден ни е посебен павиљон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот, доставуваме сертификат со QR код и достапни цени. Реагенсите за сите анализи кои ги изработуваме се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската Здравствена Организација.

Покрај базата во Општина Кисела Вода, согласно препораките кои беа донесени за услови за патувања, пограничните општини не контактираа за можност за Ковид-19 тестирања и така започнавме со план и реализации на барањата. Исто така Аеродромската управа согласно протоколи за патување имаа потреба од зајакнување на овој вид на услуга за ковид-19 тестирање. Према тоа од месец Јуни поставивме пунктови во пограничните региони како Гевгелија, Дојран, Табановце, ТАВ Скопје и Охрид. За кратко време многубројни барања од граѓани, локални заедници за можност за тестирања па така со одредени рути пристапивме кон доближување на овој вид на услуга кога е најпотребно.

Сето тоа допринесува за олеснување за граѓаните, квалитетно достапна услуга а во тек на летните месеци со промотивна цена од само 1000 денари. Според оперативната достапност на услугата присутни сме во Прилеп, Кавадрци, Велес, Кочани. Располагаме со сериозен возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли со кои услугата е доближена према место на живеење.

Услугата која ја обезбедуваме за граѓаните се должи на нашето големо семејство од 120 вработени кои секојдневно максимално професионално се вклучени за квалитетно достапна услуга. Во тек на летните месеци работевме 24/7, а од есента сме лабораторија која има најголема рамка за земање на материјал, теренски екипи во градот но и на територија на цела држава. Во тешки услови на живеење со светската криза на пандемија Ковид-19, максимално сме посветени кон потребите на граѓаните, а тоа и самите бројки на услуги, приеми, број на корисници на нашите услуги ни е најдобриот подарок за првиот роденден. За само 1 година сме оствариле повеќе од 520 000 услуги, лидери во однос на Ковид-19 тестирања вкупно 287 780, од кои ПЦР 134 908 и брзи антигенски 152 872 тестови. Доверба на 213 569 пациенти и 298 186 приеми.

– Кои се вашите планови за во иднина?

Горди сме на она што го постигнуваме, на нашето семејство од 120 вработени, каде доминира млад кадар, на дел и прво вработување, на кои им обезбедуваме стабилана предвидлива иднина за да творат во државата, горди што ја олеснуваме на секаков начин достапноста на услугата во однос на место на живеење, но и во однос на цена на услуга. Подржуваме константно различни настани и сме општествено одговорни према здруженија и заедници.

Оперативната поставеност и теренска логистика која ја поседува основачот Г-н Кирил Лазаров преку Никоб Групацијата сериозно допринесува во развојот на установата, а како здравјето и безбедноста се најважните фактори за квалитетен живот, стремиме кон понатамошен развој и унапредување. Во таа насока во претстојниот период према решение за лабораторијата за влез во мрежата, се подготвуваме за уште поголема можност за достапност на нашите лабораториски услуги со упатување од матичен лекар или лекар специјалист. Исто така согласно задоволството на корисниците на нашите услуги и потребата се на едно место да се обезбедат лабораториско дијагностички иследувања планираме дејноста да се прошири и со микробилогија и на тој начин ја заокружуваме комплетно дијагностиката во ПЗУ Никоб Лаб.

ПР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија4 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ6 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет8 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет9 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион10 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија21 час

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија24 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...